1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ситуацијата во Естонија

29 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag9J

По двете ноќи безредија во спорот околу советскиот споменик, естонската влада најави негова обнова на воените гробишта во главниот град Талин. Како што соопшти министерството за надворешни работи, веќе денеска ќе започнат подготвителните работи. Најавата веројатно треба да ги смири гласиштата според кои остранетиот споменик во петокот веќе бил уништен, односно дека брозената фигура на советскиот војник била растопена. Синоќа во Талин владееше затегнат мир. Претседававачот на Европската унија, германската канцеларка Ангела Меркел повика на смиреност и разум. Таа имаше телефонски разговори со естонскиот премиер Андрус Ансип и со рускиот претседател Владимир Путин. Притоа, Меркел апелираше до обајцата да спречат каква и да е ескалација.