1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ситуацијата во Тајланд се нормализира

3 декември 2008

По одлуката на Уставниот суд на Тајланд за распуштање на владејачката партија, опозицијата ја прекина повеќедневната блокада на двата аеродрома во Бангкок. Предвремените избори се закажани за 8 декември.

https://p.dw.com/p/G8EU
Демонстрантите ги напуштија аеродромитеФотографија: AP

Демонстрантите кои осум дена ги држеа под опсада двата аеродрома во Бангкок, утрината симболично си подадоа рака со аеродромските власти. Меѓународниот авиосообраќај според најавите треба целосно да биде вратен во нормала во наредните два дена. Претпладнево се очекува да слета првиот авион од островот Пукет, а во текот на попладнето да биде изведен и првиот меѓунроден лет. Се прават последните проверки и подготовки за нормализирање на условите за полетување на патничките авиони. Директорот на аеродромот изјави дека првиот лет ќе стартува на 4 декември една минута по полноќ.

Утврден терминот за предвремените избори

Во меѓувреме преодната влада соопшти дека предвремените парламентарни избори во земјата ќе се одржат на 8 декември. Уставниот суд вчера им забрани на премиерот Сомчаи Вонгсават и раководството на неговата партија да извршуваат какви било политички активности во наредните пет години. Причината за ваквата одлука се утврдените изборни нерегуларности. Вонгсават ја прифати одлуката за оставка и соопшти дека веќе е обичен граѓанин. Сепак од редовите на неговата партија најавија дека ќе формират нов политички субјект, во обид повторно да ја освојат власта. Претседателот на владејачката фракција во парламентот, Витаја Буранасири изјави дека пратениците кои се избрани од страна на народот ќе продолжат и натаму да ги спроведуваат демократските принципи. Може да не отстрани само државен удар. Ќе продолжиме и натаму да се бориме„ изјави Буранасири.