1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Ситуацијата се влоши„

P.Philipp3 мај 2007

Коментар на Петер Филип

https://p.dw.com/p/AdrZ
Фотографија - симбол за слободата на печатот
Фотографија - симбол за слободата на печатотФотографија: picture-alliance / dpa/dpaweb

Денеска е меѓународен ден на слободата на печатот. Пред 16 години, на 3 мај 1991 година, една група африкански новинари ја состави таканаречената Декларација од Виндхук со која се бараше слобода и независност на медиумите. Првпат беше одбележан три години подоцна. Меѓутоа, слободата на печатот во светот и натаму е само пуста желба. Реалноста е сосем поинаква.

Во ритуалот на одбележувањето на овој ден малку нешто е променето: „ситуацијата се влоши„, се вели најчесто во соопштенијата на организациите за човекови права и на новинарските професионални организации. Во нив се спомнуваат држави, режими и владетели со посебно валкани раце во одност кон медиумите. Некои од нив се долготрајни гости на листата црни овци. Други се нови, или пак е нова критиката врз нив. Сите тие имаат едно зедничко: воопшто не се загрижени од таквите критики. Тоа има и заднина. Се додека нема санкции или друг вид притисок, никој нема потреба да се нервира. Оттаму, во Кина, Иран, Виетнам или Северна Кореја – да спомнеме само некои – знаат дека повредите на слободата на медиумите ќе бидат критикувани, но тоа во никој случај нема директни последици. Понекогаш тоа на Запад дури и се турка настрана зашто со тие режими постојат добри односи или се прават напори за такви односи. Рускиот претседател Владимир Путин би можел да биде крунски сведок за таквите критики поради безобѕирниот однос кон печатот. Меѓутоа, демократските држави често дозволуваат да бидат корумпирани поради сопствените економски инетереси и не го земаат сериозно тоа што го кажуваат организациите за човекови права. Поради таканаречениот државен резон не ретко го туркаат под килим она што радо се проповеда во предавања или во меѓународните конвенции.

Ако тоа важи за почитувањето на човековите права, зошто би било поразлично за слободата на печатот која исто така е квалификувана како човеково право? Состојба што западните демократии одамна требаше да ја коригираат. Место тоа, за медиумите се зборува како за четврта власт. Како медумите вистина, покрај легислативата, егзекутивата и судството да се уставна власт во државите. Меѓутоа, медуимите не се тоа и веројатно така е добро. Зашто печатот треба да истражува, да открива, да предизвикува дебати. За тоа му се потребни слободата и правото, а за возврат да биде претпазлив и одговорен. Самоконтролата е добра, но веројатно и недоволна. Но, затоа пак, државната контрола е цензура и треба да се отфрли. И конечно: се’ додека се затвораат весници, се апсат, се протеруваат или се убиваат новинари, се’ дотогаш насловите во весниците по повод Денот на слободата на печатот ќе гласат: Ситуацијата се влоши!

Петер Филип