1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

250511 Preissteigerungen Agrarrohstoffe

8 јуни 2011

Пазарот на земјоделски производи, посебно на аграрни суровини, е приказна за себе. Светската банка предупреди: натамошен нагорен тренд може да води кон криза со средства за храна како онаа од 2007 година.

https://p.dw.com/p/11RDA
Храната ќе биде наскоро тешко достижна за милиони луѓе
Храната ќе биде наскоро тешко достижна за милиони луѓеФотографија: picture-alliance/dpa

Вејн Бринкмајер, 63-годишен фармер од Небраска, од појасот на САД во кој се одгледува пченка, лани направи уште еден силос.

„Овде се отвора силосот. Го чистиме и дезинфикуваме, а ќе се полни во септември, по есенската жетва“.

Бринкмајер одгледува пченка и соја. Тој поседува пет силоси.

„Сопствен простор за складирање станува се’ поважен од година во година. Кој произведува поголеми количества, може жетвата да ја зачува и да ја продава кога цените ќе скокнат уште повеќе“.

Senegal Markt Lebensmittel
Кој има пари, може да го складира производството и да чека скок на ценитеФотографија: Babou Diallo

Калкулации со цените

Многумина фармери во САД сега инвестираат како Бринкмајер во силоси за житарици. Фармерите играат на тоа дека цените на суровините натамошно ќе скокаат. Цената на пченката на берзата за суровини во Чикаго минатата година двојно порасна. Само во минатиот месец скокот изнесуваше 16 насто.

Потрошувачката на суровини во светот, според ОН, би можела да се зголеми за трипати до 2050 година. Потрошувачите во развиените земји речиси не ја ни почувствуваа експлозијата на цените, но натамошен скок би ја направил пченката недостапна за осиромашените луѓе во неразвиените и во земјите во развој.

Senegal Markt Lebensmittel
Фотографија: Babou Diallo

„Во одредени земји на светот веќе имаме криза во исхраната или на средства за исхрана. Сметам дека долгорочно, прехранбени средства од добар квалитет ќе бидат поскапи. Но, верувам дека земјоделците ширум светот се во состојба да ја задоволат растечката побарувачка“, проценува Мартин Рихенхаген, шеф на Управниот одбор на АГКО, производител на земјоделски машини што се продаваат во 140 земји од светот, кој профитира од расположението на земјоделците за инвестирање. Со порастот на населението, во Кина и Индија особено расте побарувачката на житарици. Тие, во меѓувреме, почнуваат да инвестираат во обработливо земјиште во Африка, вели Рихенхаген.

Финансиските професионалци зборуваат за висока нестабилност, ризичност, шпекулантите за идеални услови. Лошо е за малите земјоделци, кои немаат можности како Вејн Бринкмајер да изградат магацини за залихи, па мораат да ја продаваат жетвата, иако во тоа време цената е ниска, а производните трошоци високи.

Автор: Мириам Браун / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска