1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Славје, но и гнев по пресудата за Берлускони

С.Недевски/бг/мл/афп/дпа/ртр2 август 2013

Додека бројни негови противници ја прославуваа првата конечна пресуда против него, Силвио Берлускони видно разлутено и се обрати на нацијата, претставувајќи се притоа како жртва на италијанското правосудство.

https://p.dw.com/p/19Ibg
Фотографија: picture-alliance/dpa

Ова беше првпат во неговиот живот исполнет со скандали, поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони да биде правосилно осуден. Највисокиот на Италија- Касацискиот суд во Рим вчера во последна инстанца ја потврди претходно на една година редуцираната затворска казна против него. Судот од другастрана ја врати на одлучување на пониска инстанца пресудата за петгодишна забрана за извршување јавна функција. Во процесот стануваше збор за медиумскиот концерн во сопственост на Силвио Брлускони „Медиасет“, за неговите тајни банкарски сметки во странство и за тоа како вештачки ја зголемувал цената на емитување на филмови. Според наводите во обвинението сомнителни фирми зад кои стоел „Медиасет“ ги откупувале правата за емитување на филмови и потоа му ги продавале назад на концернот. Во овие зделки, бил затаен данок во вредност од седум милиони евра. Берлускони според уверувањето на судот бил целосно запознаен со овие криминални постапки.

Домашен притвор или социјална работа?

Во првата инстанца Берлускони познат како „Кавалиере“ беше осуден со петгодишна забрана за извршување на јавна функција, меѓутоа затворската казна поради му беше редуцирана на една година благодарение на регулативата за амнестија , која беше усвоена пред неколку години од страна на владата на поранешниот премиер Романо Проди за да се подобри состојбата во преполнетите италијански затвори.  76-годишниот Берлускони поради неговата поодмината возраст  веројатно нема да мора да оди в затвор. Дали ќе мине една година во домашен притвор или ќе извршува општествено полезни рабори, касацискиот суд не прецизираше. Претходно и без тоа мора да му  биде одземен неговиот пратенички имунитет. А гласањето во италијанскиот Сенат за такво нешто може да се растегне на недели или месеци, независно од тоа дали ќе биде потврдена петгодишната забрана за извршување на јавна функција.

Silvio Berlusconi
Фотографија: imago/Milestone Media

Берлускони веднаш реагираше на пресудата и со видео порака пренесена на италијанската телевизија и се обрати на нацијата: „на крајот на мојата кариера , мојот 20 годишен ангажман за оваа земја беше награден со обвиненија и пресуда за кои нема никаква основа“, критикуваше огорчениот политичар. Според Берлускони еден дел од судиите во Италија се „неодговорни“, процесите, а процесите против него се „вистинска правна фарса“. Тој истакна дека никогаш не создал систем за затајување данок за кој е обвинет, туку придонесол за богатството на земјата. 

Политички реперкусии

И во минатото , трикратниот италијански премиер постојано се претставуваше себеси како жртва на италијанското правосудство и на „комунистичките судии“. Со пресудата , како што вчера изјави му се крадат „слободата и неговите политички права“.  Сепак Берлускони најави дека ќе продолжи да дејствува како политичар и оти повторно ќе ја заживее неговата поранешна партија Форца Италија. Тој ја основа оваа партија во 1994 година. Додека неговите адвокати сега размислуваат за го префрлат случајот пред Европскиот суд за човекови права, противниците на Берлускони ја поздравија пресудата пред зградата на Касацискиот суд во Рим со радосни извици и пенливо вино.

Ваквата судска разврска го доведува во прашање опстанокот на коалициската Владата на премиерот Енрико Лета, и покрај тоа што Берлускони изјави дека неговата сегашна партија „Народ на слободата“ ќе продолжи да го поддржува кабинетот.