1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Слатките гревови во Опатија

ЕМФ /агенции
5 декември 2016

Чоколадо - волшебен збор кој во нас буди убави чувства. Опатија овој викенд беше центар на слатките задоволства или „гревови“, како сакате.

https://p.dw.com/p/2TjnJ
Schokoladenkuchen
Фотографија: picture-alliance/Bildagentur-online/Tips Images

Понекогаш е најдобро ја си ја ослободиш фантазијата... Токму тоа го прават угостителите и хотелиерите во Опатија, кои со своите имагинативни десерти го будат детето во секој посетител.

Чоколадни бонбони, топло чоколадо, чоколадирано овошје, торти и колачи и што уште не...

Кондиторката Вивијана Јањиќ за својата креација вели:

„Во Словенија, во Радовљице, на Петтиот фестивал на чоколадото, го направивме најголемото чоколадо, кое влезе во Гинисовата книга на рекорди. Беше со големина од 142 метри квадратни, значи малку поголемо од ова. Ова ни е нешто како Бејби-Гинис, така го нарековме, бидејќи во Опатија сакавме да го презентираме она што го направивме таму.“

Фестивалот на чоколадото има изложебн и продажен дел, а програмата содржи и работилници, предавања, дегустации, концерти и изложби поврзани со чоколадото, кои се одржуваат во опатиските хотели и ресторани, но и во галериите, музеите и училиштата.

Има едно царство... на чоколадото