1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Слободно одете на капење!

16 јуни 2010

Летото носи непоматено задоволство за капење во цела Европа. Квалитетот на водата во морињата и крајбрежјата е висок. Ова го покажа извештајот за квалитетот на водата направен од Европската комисија.

https://p.dw.com/p/NrND
Чиста вода за капење има речиси на сите плажи во ЕвропаФотографија: AP

Ова е добра вест непосредно пред почетокот на летните одмори во европските земји . Плажите во Европа во принцип се добро уредени и подготвени за туристи. Но, се разбира има и исклучоци, какви открива Моника Грибелер. Капење во море без никакви грижи е можно речиси насекаде во Европа. Имено, најголемиот дел од реките, морињата и океаните во 2009 година беа чисти. Според студијата, водата е најчиста кај плажите во Кипар и Малта. Квалитетот на водата во овие две земји одговара стопроцентно на стандардите на ЕУ. Чиста вода за капење има исто така во Грција, Франција, Бугарија и Португалија. Германија се наоѓа во првата половина од позитивниот список. Извештајот на Европската комисија покажува дека крајбрежјата на земјите се многу почисти, отколку местата за капење во внатрешноста на земјите. Во споредба со 2008 година квалитетот на водата е малку полош, поради загадувања со отпадни води, нафта и останати штетни материи:

„Мораме и натаму да се трудиме да ги запазиме и спроведуваме правилата и нормите на ЕУ, пред се’ со пречистувањето на отпадните води“- изјави еврокомесарот за заштита на животната околина, Јанез Поточник.

Италија со најзагадени плажи

Giardini Naxos Strand Sizilien Italien Berge Meer Boote
На 600 плажи во Италија минатата година имаше забрана за капењеФотографија: Jon Kleinman cc-by-nc-sa

Што се однесува до пречистувањето на отпадните води, особено Италија важи за голем грешник. Во 2009 година речиси на 600 различни места во Италија имаше забрана за капење.

Но, за разлика од другите европски земји, Италија го контролира нејзиното севкупно крајбрежје, вклучувајќи ги сите пристаништа, природно заштитени области и градови. Овој факт не е наведен во извештајот на Европската комисија. Освен тоа, во извештајот не е земено во предвид колку смет се наоѓа на плажите. За ова Комисијата посебно ќе се погрижи, а до 2015 година сите места за капење во Европа треба да бидат чисти. Значи, наздравје капење и добра забава!

Автор: Моника Грибелер / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Жана Ацеска