1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словачка по изборите

18 јуни 2006

Словачкиот премиер Микулаш Ѕуринда денеска го призна поразот на парламентарните избори.

https://p.dw.com/p/Ac5h
„Кој последен се смее...„ - премиерот Ѕуринда му се смееше зад грб на лидерот на опозицијата Фицо на седница на парламентот пред изборите
„Кој последен се смее...„ - премиерот Ѕуринда му се смееше зад грб на лидерот на опозицијата Фицо на седница на парламентот пред изборитеФотографија: picture-alliance/ dpa

Тој посочи дека започнатите реформи треба да продолжат, иако победа однесе опозиционата социјалдемократска партија на чело со Роберт Фицо. И досегашниот министер за финансии Иван Миклош порача дека сега опозиционата партија „Смер„ треба да ја преземе одговорноста за натамошните реформски чекори.

Според се‘ уште непотполните резултати опозиционите социјалдемократи освоиле 29,4%, христијанските демократи на Ѕуринда 18,4, додека партијата на унгарското малцинство, која до сега беше коалиционен партнер во владата на Ѕуринда дојде до 11,8. Експертите го најгласуваат фактот што исто толку успеа да освои и десно-екстремната Словачка национална партија, која се бори токму против унгарското малцинство. Интересно е уште да се спомне дека партијата на поранешниот премиер и голем противник на европските интеграции Владимир Мечијар доби само 8,8 проценти од гласовите. Објавувањето на конечните официјални резултати е најавено за поладнево.

Во ваква констелација на сили познавачите на приликите во Словачка очекуваат долготрајни и тешки преговори за формирање нова владина коалиција. При тоа не се исклучува ни опцијата Ѕуринда со помош на досегашните коалициоони партнери сепак да остане на власт и покрај очигледниот пораз. Трите партии на досегашната колиција би имале вкупно 37 проценти од гласовите, што значи дека ако сака да дојде на власт, лидерот на опозиционите социјалдемокртати Роберт Фицо исто мора да бара партнери за коалицирање. Тој според сегашните резултати може да смета на најмногу 50 од вкупно 150-те места во парламентот.

По објавувањето на прелиминарните резултати Фицо оцени дека станува збор за фантастичен резултат и изрази надеж дека ќе успее да создаде владина коалиција што ќе ја спроведе лево ориентираната политичка програма, што тој ја застапуваше во изборната кампања. Тој имено вети дека ќе повлече дел од болните реформи на владата на Ѕуринда, кои ги погодија социјално најслабите слоеви во словачкото општество. За време на осумгодишното владеење Ѕуринда спроведе остар курс на реформи, што привлече поголеми странски инвестиции и придонесе за силен стопански пораст. Тврдината на неговиот реформски курс меѓутоа предизвика и големо незадоволство кај сограѓаните, што на крајот и доведе до ваков лош изборен резултат.