1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенија: Постигнат договор за коалициска влада

8 јануари 2012

Досегашниот градоначалник на Љубљана и лидер на партијата Позитивна Словенија (ПС), Зоран Јанковиќ, соопшти дека со уште три партии постигнал договор за формирање нова словенечка коалициска влада.

https://p.dw.com/p/13g1l
Мандатарот за состав на новата словенечка влада Зоран ЈанковиќФотографија: dapd

Зоран Јанковиќ, чија партија извојува неочекувана победа на изборите во земјата на 4 декември минатата година, синоќа (07.12.2012) изјави дека покрај неговата партија Позитивна Словенија, во идната влада на Словенија ќе партиципираат и партијата Социјалдемократи (СД) на актуелниот премиер Борут Пахор, Граѓанската листа (ГЛ) на Грегор Вирант и Демократската партија на пензионерите на Словенија (ДЕСУС).
„За некои прашања се’ уште останува да се постигне договор и да се најдат решенија“, изјави Јанковиќ по средбата со лидерите на трите други партии во идната владина коалиција.

Wahlen Slowenien 2011
Зградата на словенечкиот парламент (Државен збор) во ЉубљанаФотографија: picture-alliance/dpa

Наскоро ќе бидат договорени сите детали околу владата

Јанковиќ, кој е поранешен сопственик на синџирот супермаркети „Меркатор“, нагласи дека во следните денови идните коалициски партнери ќе одржат нова средба, на која ќе ги договорот сите детали околу идната влада.
Новата владина коалиција ќе има вкупно 52 пратеници во 90-члениот словенечки Државен збор, а се очекува Владата да добие поддршка и од двајцата пратеници од редовите на унгарското и италијанското малцинство.
Словенечкиот претседател Данило Тирк на 5 јануари на Јанковиќ му го додели мандатот за состав на нова влада на Словенија.

Автор:СН/ЕМФ/миа

Редактор: Е. М. Фиданоска