1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенија со драстично намален кредитен рејтинг

ЖА/дв/миа1 мај 2013

Рејтинг агенција „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Словенија на нивото „безвредно“, со негативна прогноза, поради состојбата на банкарскиот систем и влошувањето на состојбата на државните финансии.

https://p.dw.com/p/18Q1G
Фотографија: Fotolia/Comugnero Silvana

Агенцијата „Мудис“ предупреди дека на Словенија можеби ќе и‘ треба и пакет финансиска помош од еврозоната.

Во соопштението на „Мудис“ се наведува дека кретидниот рејтинг на Словенија ќе биде намален за два степени на „Ба1“ од „Баа2“, со што е ставена во шпекулативна категорија, како и дека неизвесноста околу финансирањето на пазарот ја зголемува веројатноста дека ќе биде потребна помош однадвор.

„Најважната причина за намалувањето на рејтингот на Словенија е упорната криза на тамошниот банкарски систем и големата веројатност дека на таа држава ќе и‘ биде потребна дополнителна помош и инјекција на капитал“, истакна американската агенција.

Досега помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд добија Кипар, Грција, Ирска и Португалија, како и шпанските банки.