1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смирување на тензиите?

30 септември 2006

Грузија денеска навести дека во обид да ја смири ескалацијата на тензиите со Русија , би можела да ги протера наместо да ги држи в затвор , четворицата руски офицери обвинети за шпиунажа .

https://p.dw.com/p/Adws
Грузиската полиција ја блокира командата на руските сили во земјата
Грузиската полиција ја блокира командата на руските сили во земјатаФотографија: AP

Во меѓувреме во уште една реакција на постапките на Тбилиси со руските офицери , командантот на руските трупи стационирани во Тбилиси, Андреј Попов предупреди дека безбедноста на овие војници не може повеќе да биде гарантирана. Односите меѓу Грузија и Русија веќе подолго време се затегнати пред се поради нагласениот прозападен став на властите во Тбилиси.

Грузиските власти и префрлаат на владата во Москва дека на сите начини се обидува да го спречи влегувањето на таа земја во НАТО. Блокадата на штабот на руската војска и апсењето на четворицата руски офицери обвинети за шпионажа се дел од тој спор , но и од обидите на Тбилиси да воспостави власт во отцепените провинции Јужна Осетија и Абхазија . Русија ги подржува сепаратистичките влади на двата региона .

Одноците меѓу Москва и Тбилиси се влошија особено по доаѓањето на власт на претседателот Михаел Сакашвили, кој интензивно настојува да ги спроведе спорните дејствија. Сакашвили во интервју за телевизијата Си Ен Ен ги бранеше постапките на грузиските власти:

Луѓето треба да се навикнат дека ова не е веќе поранешната империја . Ова е независна држава која има демократски систем на владеење , кој има легитимни интереси , и во кој владее законот . Тоа е се што правиме . Ние сме многу мирни околу сите овие случувања,

Во меѓувреме грузиската влада најави можно протерување на руските офицери кои се под сомнение за шпиунажа. Можен е ваков чекор,изјави грузискиот министер за одбрана Иракли Окруашвили за националната телевизија. Претходно еден суд во Тифлис нареди двомесечен истражен затвор за четворицата руски офицери. Министерот Оркуашвили претходно ја истакна решителноста на грузиските власти во справувањето со руското мешање во внатрешните работи на земјата:

„Покажавме дека нема да дозволиме , да ни побегнат агентите и шиуните . Тие досега сметаа дека нема да имаат работа со грузиската држава , туку со подрачјата во Грузија кои немаат ни јасно определени граници ниту државни структури“

Инаку населението на сепаратистичките провинции е во целост поврзано со Москва. Таму се стационирани и руски мировни сили , на кои владата во Тбилиси им префрла дека се пристрасни . Во Грузија се наоѓаат вкупно 3000 руски војници , кои би требало да се повлечат во 2008-ма година .

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Иванов , ја гледа актуелната ситуација во односите меѓу Москва и Тбилиси на следниов начин:

„ Ситуацијата во Грузија потсетува на онаа од 1937 година . Сето ова е провокација и тие сакаат максимален степен на конфронтација . Целта е да се одварти вниманието од вистинските проблеми на таа земја . Навистина ми е жал за грузискиот народ “

Инаку Москва го повлече својот амбасадор од Грузија и го запре издавањето визи за влез на грузиски државјани во Русија . Во рускиот парламент пак можеа да се чујат агресивни изјави . Имаше и парламентарци кои бараат ослободување на офицерите со употреба на сила.