1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смогот не ја задуши смислата за хумор на Кинезите

7 јануари 2017

И во новата година, во бројни кинески градови едвај се дише. Граѓаните спас бараат во заштитните маски а мала оддишка наоѓаат на социјалните мрежи.

https://p.dw.com/p/2VRYx
China Peking Smog
Фотографија: picture-alliance/dpa/MAXPPP

Социјалните мрежи се преплавени од фотографии и видеа од смогот во Пекинг, каде што и натаму во сила е „портокалово предупредување“ за големо загадување на воздухот. „Портокаловото предупредување“ е аларм од трет степен пред највисокиот „црвен“.

Кина се бори против загадувањето на воздухот, чии главни предизвикувачи се производството на електрична енергија со согорување на јаглен и фабричкото производство, како и големиот број стари и енергетски помалку ефикасни автомобили.

Властите кои беа принудени да реагираат откако во минатиот викенд дури во 25 кинески градови беше објавено „црвено предупредување“, затворија бројни фабрики, училишта и градилишта. Покрај тоа започна и инсталација на прочистувачи на воздух во јавните установи во главниот град. Но, корисниците на социјалните мрежи бараат од властите да сторат повеќе против загадувањето, објавувајќи илјадници коментари, видеа и слики, при што и со хумор се обидуваат да најдат утеха.

Социјалните мрежи преплавени од смог