1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Смртниот грев“ на германските медиуми

Михаел Марек/Марие Тодескино/ Жана Ацеска16 август 2013

Новинарите како придружници на убијците: пред 25 години заложничката драма од Гладбек ги потресе Германците. Во време на смартфони, прашањето за границите на новинарството е повторно актуелно.

https://p.dw.com/p/19Que
Фотографија: picture-alliance/dpa

16 август 1988 година: во малото вестфалиско гратче Гладбек, 32-годишниот Дитер Деговски и 31-годишниот Јирген Реснер нападнаа банка. Двајцата ограбувачи, поранешни ученици во специјално училиште, по грабежот побегнаа со двајца заложници. Случајот влезе во историјата на германската телевизија како Заложничката драма од Гладбек. Тоа беше прво криминално дело кое можеше да се следи во живо.

Наместо да посматраат, новинарите се вмешаа во случувањата, ја попречуваа работата на полицијата, правеа ексклузивни фотографии и ги интервјуираа грабнувачите. Дури и американскиот магазин „Њусвик“ известуваше за „Шоуто Ханс и Дитер“, кое одеше на германските медиуми.

Натпревар за најдобра тонска изјава на ганстерите

При бегството низ Германија, ограбувачите на банката успеаја да земат и еден автобус со 32 луѓе како заложници. Фотографите постојано се приближуваа кон автобусот и мирно правеа фотографии од заложниците. Маса новинари се туркаа за најдобрите места. Радиорепортерите директно ги снимаа киднаперите со своите микрофони за нивната акција. Еден од ганстерите изјави дека сака да зборува само преку медиумите.

Deutschland Geschichte Kultur Presse Gladbecker Geiseldrama
„Црн ден“за новинарството : Ханс Јирген Реснер дава интервју за време на бегствотоФотографија: picture-alliance/ dpa

Нацијата можеше да ја следи актуелната ситуаиција со заложниците преку телевизиските екрани и радиото. Беше известувано во живо, бесплатно, за милионска публика која запрепастена и иритирана, фасцинирано и со неверување го следеше шоуто.

Пазарна побарувачка по фотографии и снимки

Новинарите интервјуираа една заложничка додека грабнувачот и‘ држеше пиштол под грлото. Еден булеварски репортер се пикна дури во автомобилот со кој бегаа грабнувачите, покажувајќи му го патот на гангстерот кој не можеше да се снајде низ центарот на Келн. Подоцна тоа му донесе жестока критика, дури и обвинување за пружање помош. Сепак, тој подоцна стана уредник на германскиот најголем булеварски весник, „Билд“. На крајот двајца заложници беа мртви, бројни луѓе трауматизирани.

Дали медиумите сносат соодговорност за катастрофата? Многумина од новинарите ја задоволуваа алчноста на ганстерите по внимание и признание, со тоа дополнително поттикнувајќи ги на докажување во нивното брутално лудило, смета келнскиот психолог по медиуми, Џо Гребел.

Критичка дистанца во ерата на смартфони?

Михаел Конкен, претседател на Германското здружение на новинари истакнува: „Гладбек беше најцрниот час на германското новинарство по крајот на војната“.

Последица беше изрекувањето повеќе укори од страна на германскиот Совет за печат и заострувањето на неговите критериуми за сензационалистичко известување. Во медиумите самите пак се разгоре дебата за етиката. Вакво нешто не смее да се повтори, пушуваа самокритички бројни весници. Денес Новинарскиот кодекс на германскиот Совет за печат забранува интервјуа со грабнувачи за време на заложничка драма.

Deutschland Geschichte Kultur Presse Gladbecker Geiseldrama
Крвав крај на заложничката драма: една 18-годишназаложничка загина од куршум од пиштолот на реснерФотографија: picture-alliance/dpa

Но, дали нешто вистински се промени? Во еден дигитализиран, мрежно поврзан медиумски свет, се чини е речиси невозможно да се конролираат правилата. Социјалните мрежи, видеата на Јутјуб и сликите направени од т.н. граѓани-репортери претставуваат премин меѓу сведоштво на настанот и професионално новинарство.

„Донесувањето правилни одлуки во новинарството со полна одговорност не е ни малку поедноставно“, вели етичарот на медиуми, Александар Филиповиќ од универзитетот Минстер. Интернетот и на злосторниците им нуди сосема други можности за свое презентирање: „Активниот упад во јавноста стана дел од многу недела“. За новинарите тоа значи екстремен предизвик.

Класификација и вреднување на настаните

Пример е - мај 2013 година во Лондон: еден британски војник беше убиен на улица. Еден од убијците пред камера од смартфон отворено објаснува зошто тукушто убил човек. Тој не направи обиди за бегство, минувачите го снимаа, а ТВ станиците и веб-страниците се погрижија за брзо проширување на пораката на убиецот. Дали новинарите имаа друг избор освен даго прикажат видеото и убиецот? Александер Филиповиќ има јасно мислење: „Човек не може како новинар да застане на местото на сведоците“. Најважната задача во моментов е сврстувањето и вреднувањето на настаните. Како основа притоа важат постојано истите правила - добро истражување, претпазливост, придржување кон правилата за заштита на правата на жртвите и злосторниците, но и обврската за информирање“.

Dieter Degowski / Geiselnehmer / Gladbecker Geiseldrama
Дитер Деговски останува во затворФотографија: picture-alliance/dpa

„Љубовни писма“ од затвор

Во случајот на киднаперот Дитер Деговски, кој е во затвор, некои медиуми очигледно имаат сѐ уште проблеми со придржувањето кон овие правила. Од 2002 година Деговски четирипати доби право на излез со придружба. Едниот пат повторно се случи новинарска навала. Поради претстојниот термин за проверка на казната кратко пред 25-годишнината од заложничката драма Гладбек повторно се разгоре дебатата околу Деговски. Судот меѓутоа во средата (14.08) реши дека Деговски не треба да биде ослободен. И во случајот со Ханс Јирген Реснер, кој важи за организатор на злоделото, медиумите имаат малку обзири. Германскиот интернет портал „Билд“ неодамна цитираше љубовни писма кој Реснер од затвор ги праќал до својата свршеница.

Во пресрет на годишнината од заложничката драма, ТВ станиците барале интервју со Реснер, потврди надлежното министерство за правда на Северна Рајна Вестфалија. Тоа што Реснер не доби нова шанса да се профилира пред вклучена камера, има само една причина. „Реснер до денес тврди дека не предизвикал ниедна жртва“, објаснува портпаролот Петер Маршлевски. Интервјуата се недозволени од апсект на заштита на жртвите. Освен тоа, до денс Реснер одбива секаква терапија. На телевизиите кои доставиле барање за интервју со него, ова очигледно не им пречи.