1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Смртоносен напад со нож кај Париз

СН/ агенции
23 август 2018

Две лица беа убиени а едно е потешко поредено во нападот со нож во предградието на францускиот главен град Трап. Мотивите за нападот сѐ уште се утврдуваат

https://p.dw.com/p/33dN3
Frankreich Messerattacke bei Paris
Фотографија: Reuters/P. Wojazer

Мажот, кој денес во Трап, западно предградие на Париз, со нож ги уби своите мајка и сестра, имал сериозни психички проблеми, потврди министерот за внатрешни работи на Франција, Жерар Коломб.

Коломб, за време на посетата на Трап, изјави дека нападот во моментов не се третира како терористички чин и покрај фактот што терористичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

Тој истакна дека третото лице, кое е со тешки повреди, не е член на семејството.

Францускиот министер рече оти полицијата пукала и го убила мажот откако, држејќи нож во раката, излегол од куќата на мајката. Тој не реагирал на полициските предупредувања.

Karte Paris Trappes EN/DE

Терористичката организација Исламска држава претходно ја презеде одговорноста за нападот со нож во француското предградие Трап. Од Канцеларијата на гувернерот во Ивелин е соопштено оти нападот е извршен во утринските часови во центарот на градот.

Радиото „Европа 1“ јави дека напаѓачот, роден 1982 година, влегол во куќата во улицата Камила Клодел во Трап и по 20 минути излегол со нож во раката. Јавниот сервис Франс инфо јави оти напаѓачот бил на листата на лица под надзор.