1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смртоносно инферно во Португалија

БГ
20 јуни 2017

Португалските медиуми пишуваат за „патишта на смртта“ откако десетици луѓе загинаа заглавени во своите автомобили во големиот пожар.

https://p.dw.com/p/2f0eE
Portugal Waldbrände
Фотографија: Getty Images/AFP/P. De Melo Moreira

Најмалку 64 луѓе досега ги загубија животите во огромните пожари кои зафатија неколку региони во Португалија. Снимките направени со дрон ја покажуваат трагедијата на многумина кои не успеале да и избегаат на огнената стихија. Повеќе од 130 луѓе се повредени.

Смртоносно инферно во Португалија

Противпожарните служби се уште водат битка со огромните пожари. Околу 70 проценти од огнот е под контрола, но остатокот и натаму предизвикува голема главоболка, особено поради високите летни температури кои денеска (20.06) достигнаа и до 43 степени целзиусови.
Владата прогласи вонредна состојба во шумскиот регион околу Педрогао Гранде, северо-источно од главниот град Лисабон.

Околу илјада пожарникари се ангажирани во гаснењето на огнената стихија, а илјадници луѓе мораа да ги напуштат своите домови.