1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Снег во Флорида

ЖА /ДВ
4 јануари 2018

Ниските температури и непрекинатите врнежи од снег долж Источниот брег на САД и натаму предизвикуваат хаос. По 29 години под снег е и вообичаено сончевата сојузна американска држава Флорида.

https://p.dw.com/p/2qKoX
USA Winter - Charleston in South Carolina (picture alliance/AP Images/M. Fortner)
Фотографија: picture-alliance/AP Images/M. Fortner

Талахаси, главниот град на Флорида, се наоѓа под снежна покривка. Необичната глетка кај луѓето и животните предизвикува реакција на вчудовиденост. Многумина крисници постираат свои видеа и фотографии на социјалните мрежи, како на Твитер.

Во северниот дел од Флорида поради студениот бран дојде и до блокирање сообраќајници. Гувернерот Рик Скот ги повика жителите да се прилагодат на „екстремниот студ со снег, леден дожд и наслаги од мраз“. На север, во соседната сојузна држава Џорџија е прогласена вонредна состојба поради временска непогода во крајбрежниот појас. И животинскиот свет се радува на снегот:

Постојаните снежни врнежи и натаму предизвикуваат хаос долж американскиот Источен брег. На најважните аеродроми во Њујорк и во Њу Џерси превентивно за денешниот четврток се откажани 2.700 летови. Во училиштата во Њујорк денеска нема настава, како што соопшти градоначалникот Бил де Блазио преку Твитер.

Откако многу делови на САД со денови страдаат поради невообичаениот студен бран, сега на североисточниот дел му се заканува снежна бура. По неа на викендот, според американските метеоролози, ќе следи нов бран на арктички воздух. Метеоролошката служба во Бостон предупреди од можни прекини во снабдувањето со електрична енергија како последица од силните ветрови.

Пред брегот на Северна Флорида во меѓувреме се формира бура која во иднините денови ќе се движи кон Нова Англија и ќе добива на интензитет. Метеоролозите прогнозираат дека тоа може да биде најсилната зимска бура во последните 30 години.