1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Снежниот хаос во Германија трае

ЕМФ
9 февруари 2021

Снегот и мразот „заковаа“ големи делови од Германија. Стотици луѓе ноќта ја минаа во своите возила на автопатот А2, дел од нив на студот беа изложени цели 16 часа.

https://p.dw.com/p/3p70e
Deutschland Wetter l Kälte und Schnee in Bielefeld
Фотографија: Thomas F. Starke/Getty Images

Екстремните временски услови со огромни наноси снег парализираа делови од Германија. На автопатот А2 кај Билефелд стотици луѓе ја минаа ноќта во своите возила. Автопатот извесно време беше затворен во двата правци, па околу Билефелд изутринава имаше колони долги 70 километри. Огромен застој во сообраќајот имаше и на други автопати, како А4.

Deutschland Winterwetter l Lage nach Stau auf der A2
Состојба на автопатот А2Фотографија: picture alliance/dpa

Германската железница денеска зборува за „екстремно невреме“, поради кое во голем дел од земјата има доцнење на возовите или целосен застој на железничкиот сообраќај. Екипите работат забрзано на расчистување на шините, особено на главните сообраќајни релации, но работата оди тешко поради големите наноси снег и мразот. Сојузниот министер за сообраќај Андреас Шојер апелираше до граѓаните да се откажат од патување, барем до среда.

BdT Deutschland Winter Schnee Wetter
Од под снегот ѕиркаат само шините кои се загреваат со помош на струјаФотографија: Jan Woitas/dpa/picture-alliance

Химанитарните организации во меѓувреме го зајакнуваат својот ангажман за бездомниците. Во Хановер од вчеравечер повторно сообраќа т.н. „Автобус во време на студ“ на Јоханитер, кој ги снабдува бездомниците со топол оброк и пијалоци. Франкфурт, пак, уште на викендот го продолжи работното време на преноќевалиштето во една од подземните станици  на железницата.