1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Зимскиот хаос и досетливите Германци

10 февруари 2021

Кога на улиците има многу снег, па движењето е отежнато, кога на автобус или трамвај се чека долго на огромен студ, потребни се иновативни решенија.

https://p.dw.com/p/3p8sA
Deutschland Wetter l Winterwetter in  Sachsen-Anhalt
Фотографија: Hendrik Schmidt/dpa/picture alliance

Овој жител на Лајпциг размислувал практично, па за да стигне онаму каде што треба, се качил на скии. Германија и натаму се бори со снегот и мразот, но во текот на изминатата ноќ ситуацијата беше нешто подобра и немаше колони возила на автопатите со часови. Метеоролозите најавуваат помалку снег во наредните денови, но температурите остануваат ниски - до минус 25 степени Целзиусови.