1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сноуден: Мојата мисија е завршена

АМ/макфакс/миа24 декември 2013

Американскиот поранешен службеник во Националната агенција за безбедност, Едвард Сноуден, изјави дека го постигнал она што го замислил. Тој тврди дека не сака да ги објави сите документи што ги украл од НСА.

https://p.dw.com/p/1AgF4
Фотографија: imago/Christian Ohde

„За мене, во поглед на личната сатисфакција, мисијата е веќе завршена“, изјави Сноуден во интервју за „Вашингтон пост“. „Штом новинарите почнаа да работат, се што сакав да постигнам беше реализирано“, додава Сноуден. Интервјуто со него траело повеќе од два дена во Москва и е прво големо интервју лице в лице одткако Сноуден стигна во Русија во јуни, каде што доби привремен азил.

„Веќе победив“, рекол Сноуден и истакнал дека неговата намера не била да го промени општеството, туку „да му овозможи на општеството да одлучи дали би требало да се промени“. Сноуден негирал дека се обидувал да ја уништи НСА туку, како што тој рекол работел за да ја направи уште подобра.

„И понатаму, еве на пример сега, работам за НСА. Тие се единствените што тоа не го сфаќаат“, рекол Сноуден.

Тој го напуштил работното место на Хаваите во мај и само по неколку недели од Хонг Конг почнал да објавува информации за тајната програма со шпионирање која ја спроведува НСА. Од Хонг Конг замина за Русија, каде на аеродромот во Москва остана скоро шест седмицим, додека Кремељ не одобри привремен едногодишен азил. Сноуден сега е сместен на непозната локација во руската престолнина. Тој во интервјуто себеси се нарекува „затворена мачка“, додавајќи дека многу ретко го напушта моменталното живеалиште.

„Едноставно немам многу потреба“, објаснува Сноуден. „Човек треба да е концентриран на целта. Штом можам да седнам и да размислувам, да пишувам и разговарам со некого, тоа за мене е поважно отколку да излезам и разгледувам знаменитости“, нагласува тој.

Edward Snowden Ehrenurkunde Whistleblower-Preis 2013 BILDAUSSCHNITT
Едвард Сноуден тврди дека нема направено архива која би била објавена во случај на негово убиствоФотографија: picture-alliance/dpa

Сноуден исто така негира дека и’ е лојален на Русија или на Кина. „Немам никакви врски со руската влада“ изјавил Сноуден нагласувајќи дека нема никаков договор со неа. Сноуден во разговорот тврди дека не им открил никакви тајни на кинеските служби, додека престојуваше во Хонг Конг на почетокот на неговото бегство, ниту на неговите сегашни домаќини – Русите. Сноуден во интервјуто објаснува дека за време на целиот престој во Русија има пристап до интернет, адвокати и новинари.

„Ако воопшто сум дезертирал, тогаш сум дезертирал од власта и сум преминал на страната на народот“, нагласува Сноуден.

Во НСА се шегувале дека ќе разнесуваат луѓе

Поранешниот налитичар на НСА вели дека, иако големите американски корпорации масовно собираат податоци за своите клиенти, ова собирање од страна на НСА е многу посериозно, бидејќи Владата може да им нанесе сериозна штета на лицата за кои собира податоци, вклучително и да ги разнесе. Сноуден вели дека функционерите на НСА се шегувале на оваа тема, велејќи дека има разлика меѓу нивните архиви на податоци и податоците на, на пример, Твитер.

„Ние можеме да им плеснеме ракета на чело. Твитер не го може тоа“, цитира Сноуден.

Еден од начините на работа на НСА бил да воспостави договор со британското разузнавање и на тој начин да ја избегне законската забрана за снимање на разговорите во САД. Преку соработката со Британците, НСА имала пристап до податоците без да мора да бара налог.

Сноуден, за Вашингтон пост, вели дека многумина во НСА биле шокирани од обемот на прислушување на американски државјани, кој далеку го надминувал следењето на, на пример, Русите, но во случаите кога се обидувал да почне разговор на таа тема, па дури и да укаже дека не се согласува со постапките, колегите му велеле дека не сакаат повеќе да зборуваат за тоа. Сноуден додава дека тој е првиот вработен во НСА кој се решил на ваков чекор, иако имало многу луѓе кои биле свесни дека тоа што го прават е спорно. Но, пред се’, Сноуден ги обвинува конгресмените кои имале право да вршат надзор над НСА, но молчеле за злоупотребите.

„Вашингтон пост“ во текстот открива дека Сноуден нема подготвено автоматски систем за објавување на сите податоци кои ги украл од НСА во случај да биде убиен. Викиликс имаше вакви мерки на претпазливост, при што јавно објавуваше огромни шифрирани фајлови кои ги содржеа записите на американскиот Стејт департмент и кои, во случај на потреба, можеа да бидат отворени со објавување на нивната шифра. Експериментот на Викиликс заврши со објавување на целата архива на Стејт департментот украдена од војникот Бредли Менинг. Сноуден вели дека тој нема намера да ги објави сите документи кои го земал од НСА, а дека, доколку направи сличен систем на објавување на документите доколку биде убиен, само ја зголемува можноста лица кои сакаат да ги видат документите во целост да се обидат да го ликвидираат.