1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Собранието расправа за интерпелација на Јанкуловска

13 октомври 2009

Пратениците во македонското собрание расправаат за интерпелација на министерката Гордана Јанкуловска. На собраниските дебати до израз дојдоа концепските разлики меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

https://p.dw.com/p/K5G3
Собрание на МакедонијаФотографија: Petar Stojanovski

Собранието на Република Македонија денеска (13.10.09) ја почна седницата на која расправа за интерпелација за работата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Опозицијата бара одговорност од министерката за надворешни работи Јанкуловска, но и од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поради бродоломот во Охрид, изминатиот месец, кога животот го загубија 15 бугарски државјани.

Но, тоа е само иницијална, формална каписла за остри критики врз политиката што министерката за внатрешни работи ја води во справувањето со криминалот. Аргументи за барање за разрешување, како што образложи Горан Минчев од СДСМ, се и, како што рече, масовната партизација во МВР, замена на стручни лица со партиски бодигарди, незаконски прераспределби, неразрешени грабежи на поштенски возила, ограбени поштенски експозитури. Тој додаде дека аргументи претставуваат и најнетранспарентното трошење пари за опрема за прислушување, сеењето страв, вршење притисок, театрално приведување на осомничени, нелегални набавки маици, панцири, хеликоптери, лоши ревизорски извештаи.

Mazedonien Ausweis
Гордана ЈанкуловскаФотографија: DW

За министерката Јанкулоска користењето на несреќата во Охрид, е обид за политички манипулации, за политички профит и поени. Целото воведно излагање, пак, на претставникот на поднесувачот на интерпелацијата таа го оцени како неосновано, манипулативно и конфузно. Јанкулоска посочи дека припадниците на МВР направиле се’ за намалување на последиците од несреќата, како и се’ да има објективна, детална, независна и професионална истрага. Таа додаде дека СДСМ неосновано ги девалвира и деградира институциите, неосновано го урива угледот на полиција и на судот, со што, како што рече, се нанесуваат непоправливи штети.

Концепсцскиот раздор меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу способноста на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, најверојатно ќе продолжи и во дебатата за интерпелацијата околу одговорноста на министерот Миле Јанакиески за охридската несереќа. Непосредно по несреќата на 5 септеврми министерот за транспорт и врски Јанакиески поднесе оставка, но премиерот Никола Груевски не ја прифати.

Автор: АЧ/АТ/миа

Редактор: Александра Трајковска