1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Советот за безбедност на ОН демонстрира беспомошност

СН /дпа,афп,ртр
26 септември 2016

САД и Русија меѓусебно си ја префрлаа одговорноста за ескалацијата во Сирија на итната седница на Советот за безбедност на ОН. Генералниот секретар Бан Ки Мун со невообичаено остра осуда за „варварството“ во Алепо

https://p.dw.com/p/2QaOb
Syrien Aleppo Zerstörungen
Фотографија: Picture-Alliance/dpa/Syrian Civil Defense White Helmets

 Кризниот состанок на највисокиот гремиум на Светската организација заврши со фијаско. Светските сили всушност во Њујорк требаа да постигнат согласност за ново примирхе во Сирија по најинтензивните бомбардирања на градот Алепо од почетокот на војната. наместо тоа дипломатите во ОН меѓусебно се напаѓаа.

„На кошмарот мора да му биде ставен крај“

Вообичаено воздржаниот генерален секретар на ОН, Бан Ки Мун настапи пак без влакна на јазикот. Она што се случува во Алепо, рече Бан, е „варварство“ и „воено злосторство“, мислејќи притоа на користењето на касетни бомби во изминатите денови. „Не смееме да заборавиме дека болниците и училиштата , поради бормбите мора да работат во подруми. Овие бомби не разурнуваат само бункери, тие уништуваат луѓе, кои се во потрага по последните преостанати прибежишта“, изјави Бан на маргините на итната седница на Советот за безбедност. 

И тој праша, уште колку долго владите кои имаат влијание врз хаосот, имаат намера да дозволуваат такво злосторство. Тој упати итен апел до засегнатите држави, „конечно да му стават крај на кошмарот.  

Безуспешен итен состанок на Советот за безбедност за Сирија

Исклучително остри зборови упатија амбасадорите во ОН на Франција и на САД кон Русија. Москва поддржува „режим на убијци“ во Сирија, изјави американската амбасадорка Саманта Пауер на седницата во Њујорк. „Верува ли Русија навистина дека Русија ќе стекне доверба, ако од една страна преговара за примирје а од друга го поддржува режимот кој го бомбардира Алепо“, изјави пак францускиот амбасадор во Светската организација, Франсоа Делатр.

Неговиот руски колега Витали Чуркин возврати дека воспоставувањето мир во Сирија во меѓувреме станало невозможно. Тој ги обвини западните земји ангажирани во Сирија за неспособност да извршат доволно влијание врз умерените бунтовнички групи кои се во сојузништво со нив.