1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Советот за безбедност на ОН повикува на смиреност во Ирак

23 февруари 2006

Советот за безбедност ги повика ирачките граѓани на воздржаност по вчерашната експлозија во која беше уништена златната купола на една од најпознатите шиитски џамии во градот Самара, стара 1000 години . Најмалку 17 лица загинаа во судирите по нападот врз светиот храм во Басра и уштѕе неколку други џамии низ земјата. Претседателот Џалал Талабани повика на смиреност и предупреди дека екстремистите се обидува

https://p.dw.com/p/Ac8g
Вака изгледаше златната купола на џамијата во Самара
Вака изгледаше златната купола на џамијата во СамараФотографија: AP

�т да предизвикаат граѓанска војна во земјата.

„Ова се разбира е трагичен инцидент чија цел е предизвикување поделба на ирачкиот народ. Ова е време ирачките граѓани заедно да го осудат тероризмот против сите луѓе и светите места„изјави маериканскиот државен секретар Кондолиза Рајс

Американскиот амбасадор во Ирак Залмаи Калилзад ги повика сите ирачани да се обединат против тероризмот и насилството:

„ Нападот е злосторство против човештвото. Џамијата треба да биде обновена. САД ќе придонесат за нејзина реконструкција. Ирачките граѓани во овие моменти на тага и бес не треба да дозволат да бидат поделени. Оние кои стојат зад овој чин работат во интерес на терористите, предводени од Абу Мусаб ал Заркави„

Настаните во Самара ги осудија и ирачките власти

„ Ова е ден на голема трагедија за сите ирачани. Злосторството во Самара е насочен против Ирак, врз едно од најсветите места во земјата. Целото население е многу повредено„ рече портпаролот на парламентот Хусеин Ал Сахристани

Инаку агенците утринава јавуваат за уште еден напад врз џамија во градот Басра во кој едно лице загина.