1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Советот за безбедност на ОН ќе расправа за состојбата во БиХ

14 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CDh5

Советот за безбедност на ОН утре ќе го разгледува извештајот на генералниот секретар Бан Ки Мун за состојбата во БиХ во кој се наведува дека државата не направила напредок во реформите и европските интеграции. Застојот во процесот на реформите според Бан Ки Мун е видлив и покрај јасно изрзената волја на жителите на земјата кои сакаат да видат напредок на патот кон ЕУ. Генералниот секретар на ОН истакнува и дека внатрешните судири во рамките на тричленото претседателство на БиХ довеле до влошување на политичката атмосфера.