1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Советот за безбеднoст ја критикува воената власт во Мијанмар

6 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BnF7

Советот за безбедност на ОН ја критикуваше ситуацијата во Мијанмар поради крвавото задушување на мирните протести, како неприфатлива и неодржлива. САД, Велика Британија и Франција во Советот за безбедност поднесоа резолуција во која остро се осудува потегот на воената хунта и се бара дијалог меѓу режимот и опозицијата во таа земја. Во меѓувреме, воената хунта во Мијанмар, според сопствени наводи, ослободила околу 400 монаси кои беа уапсени по демонстрациите на крајот на септември.