1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Согласност за влада на Србија

11 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag5B

По три ипол месеци преговори, партиите во Србија се согласија за заедничка влада. Медиумите јавуваат дека новата коалиција е формирана непосредно пред прогласувањето нови избори. Во неа ќе коалицираат демократите на претседателот Борис Тадиќ, партијата на сегашниот премиер Воислав Коштуница и партијата Г17 на досегашниот министер за финансии Млаѓан Динкиќ. Претседателот на парламентот Томислав Николиќ веројатно за утре ќе закаже седница на српскиот законодавен дом. Извештаите за формирање заедничка влада во Србија ги поздрави евро-комесарот за проширување Оли Рен, кој присуствува на самитот во Загреб.