1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Солзите на Швајнштајгер

ЕМФ1 септември 2016

Германската фудбалска репрезентација се збогуваше со својот капитен Бастијан Швајнштајгер со победа против Финска од 2:0.

https://p.dw.com/p/1JtXx
Фотографија: Reuters/T. Schmuelgen

„Швајнштајгер, фудбалски бог“, скандираа гледачите, кои долго му аплаудираа на капитенот на заминување. Атмосферата на стадионот во Менхенгладбах стана емоционална уште пред почетокот на натпреварот. „

Ми беше голема чест да играм за Германија, голема чест да играм за вас, гледачите“, рече не криејќи ги солзите 32-годишниот „Басти“ или „Швајни“ како што од милост го именуваат сите кои го симпатизираат.

Швајнштајгер, кој за репрезентацијата за 12 години одигра 121 натпревар, беше сменет во 66. минута од натпреварот. Капитенската лента си ја зеде едноставно на клупата и ги прегрна селекторот Лев и своите колеги. Кој ќе биде новиот капитен на германската репрезентација засега е отворено.

Солзите на Швајнштајгер