1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сообраќаен хаос во Лондон

9 јануари 2017

Поради штрајк на вработените во лондонската подземна железница, транспортот во британскиот главен град се одвива со огромни тешкотии.

https://p.dw.com/p/2VVhj
Großbritannien U-Bahn-Streik in London
Фотографија: Reuters/S. Wermuth

24-часовниот штрајк на вработените во подземната железница предизвика прекини на транспортот на патници и долго време на чекање. Најголемиот дел од станиците во тарифната зона број 1, значи центарот на Лондон, останаа затворени.

Од штрајкот се погодени и линиите кои водат до аеродромот Хитроу. Штрајкот почна вчеравечер, откако пропаднаа преговорите на синдикатот и на Транспорт за Лондон (ТфЛ). Спорот се води околу планираните кратења на местата за продавање билети и намалување на персоналот.

Лондонскиот сообраќај колабира