1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Сопругата на Ел Чапо уапсена во САД

СН/агенции
23 февруари 2021

Американската полиција ја уапси сопругата на поранешниот мексикански наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман. Ема Коронел Аиспуро е обвинета за шверц на дрога.

https://p.dw.com/p/3pjWP
Emma Coronel Aispuro
Фотографија: Seth Wenig/AP/picture alliance

Сопругата на мексиканскиот наркобос Хоакин Гузман, наречен Ел Чапо, синоќа е уапсена на меѓународниот аеродром во Вашингтон поради сомнеж дека е вмешана во мрежа на растурање дрога, јавија американските власти.

Ема Коронел Аиспуро (31), која има американско и мексиканско државјанство треба денеска да излезе пред сојузен судија. Таа е обвинета дека учествувала во дистрибуција на кокаин, метамфетамин, хероин и марихуана.

Доживотен затвор плус 30 години

Нејзиниот сопруг, кој цели 25 години беше на чело на картелот Синалоа и порано беше сметан за најмоќен нарко дилер на светот, е осуден во јули 2019 година на казна доживотен затвор плус 30 години во САД. 

Повеќе:

-Исчезнатиот имот на Ел Чапо

-Ел Чапо е само мит, а господарите на кокаинот продолжуваат недопрени

-Наркобосот Ел Чапо е прогласен за виновен

Gerichtsskizze, Joaquin "El Chapo" Guzman
Фотографија: picture-alliance/E. Williams

Судот во Њујорк тогаш го прогласи Гузман, за виновен за сите десет обвиненија во едно од најголемите судења за дрога во американската историја - вклучително и вмешаност во криминална организација, производство и меѓународна дистрибуција на кокаин и хероин, како и перење пари и употреба на огнено оружје. Тој ја издржува казната во затвор во американската сојузна држава Колорадо.

Картелот Синалоа според американските официјални лица бил најголем снабдувач на дрога во САД.