1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Софија - шефови на дипломатија од регионот

14 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bfvr

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка во ЈИЕ денеска во Софија одржуваат неформален состанок на кој се разговара за унапредување на регионалната соработка во насока кон евроатлантските интеграции. Покрај македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошовски, на средбата е најавено присуство на министрите од Бугарија, Албанија, Хрватска, Турција, како и претставници на Црна Гора, Србија и Грција.