1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Социјалистите во ЕП се дистанциираа од резолуцијата за Косово

30 март 2007
https://p.dw.com/p/AgIu

Групата на социјалистичките партии во ЕП се дистанцираше од ставот на усвоената резолуција дека Косово треба да добие „суверенитет под меѓународен надзор“ бидејќи според нив за тоа може да одлучи само СБ на ОН. Социјалистите во ЕП сметаат дека по ова прашање треба да останат неутрални колку што е можно повеќе. Лидерот на социјалистите во ЕП, Жан Мари Вирсма објасни дека тие сепак гласале за резолуцијата бидејќи сакале да му дадат поддршка на специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари за неговата работа. Косовската влада го поздрави усвојувањето на резолуцијата.