1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со водич и велосипед низ планинските свиоци

Анете Бегелајн/ Александра Трајковска 12 август 2012

Кој сака да ги води туристите низ планинските велосипедски рути, мора да помине курс. Во баварскиот регион Рен веќе девет години се оспособуваат идните водичи. Се вежба читање на карти, и се симулираат повреди.

https://p.dw.com/p/15k0r
Фотографија: Bilderbox

Кога велосипедистите треба да им покажат на другите, каде води патот со т.н. Маунтајнбајк. Во баварскиот регион Рен тие затоа се обучуваат за водичи на тури. Тие мора да научат добро да ги познаваат патиштата и велосипедите.

„Ако попат има проблеми, за многумина самата техника е прекомпликувана. Во таков случај нема да штети, ако јас како водач имам повеќе знаење и можам да помогнам“, вели Ко-тренерот Алфред Вершинг.

Учесничката на курсот Хајке Лангхолц подвлекува: „Мора на пример да се знае, дека има различни типови на патишта, различно тло. Мора да се знае дека мора да се процени кондицијата за секого поединечно, и на пример да се каже, со овој велосипед денеска неможеш да ја минеш патеката“. 

Mountainbiker in der Bergwelt von der Schmittenhöhe
Фотографија: Bilderbox

Еден елемент од четиридневната обука е техниката за возење. Пред се’ треба да се научи правилно сопирање. Ако некој ја активира погрешната сопирачка, може да летне преку воланот.

Тренерот Оливер Золбах појаснува: „Ако се случи такво нешто може да дојде до тешки повреди: повреди на лицето, повреди на рака, скршеници на рака, повреди на рамо. Тоа се типични повреди. Ако дојде до превртување преку воланот, тогаш најчесто се исчашува рамото.“

Затоа за време на тренингот се симулираат незгоди. На изненадување на учесниците.

Kind auf Fahrrad
Фотографија: Bilderbox

„Мислам дека тука ни е потребна помош“, вели еден од учесниците на курсот - „ Да се разбира потребна ни е помош“, одговара тренерот Ангела Матхојзер.

Ситуацијата е компликувана за идните водичи на турите. За да се примени теоретската обука во пракса, треба вежба. Тренерите се разбира го знаат тоа. „Сакаме да ги ставиме учесниците во стрес ситуација, во која би се нашле и во реален итен случај, за да ги оспособиме да делуваат токму во такви стресни ситуации“, вели Матхојзер.

Безопасни напротив се практичните вежби за планирање на патеката. „Сега сакаме да утврдиме, каде всушност се наоѓаме. Се надевам ќе можете да ми помогнете“, прашува Вершинг.

Се вежба читање на карти и оријентација преку GPS. Ваквата обука постои веќе девет години. Учесниците овде доаѓаат од цела Германија. Тренингот го организира Германскиот велосипедски клуб. Тој потоа посредува  новите велосипедски водичи од Рен да добијат работа.