1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Вселенски светски рекорд

А. Рикман / афп
15 февруари 2017

Индија успеа со само една ракета-носач во вселената да испрати 104 сателити. Ракетата е лансирана од вселенскиот центар Шрихарикота.

https://p.dw.com/p/2Xber
Indien Start Rakete PSLV-C35
Фотографија: picture-alliance/dpa

Ракетата однесе 714 килограми тежок сателит за набљудување на Земјата од вселената, како и 103 други помали сателити со вкупна тежина од 664 килограми. Најмалиот од овие т.н. нано-сателити тежи само 1,1 килограми. Од нано-сателитите, 96 им припаѓаат на САД, додека другите се на земји како Холандија, Швајцарија и Израел.

Индија сега постави нов светски рекорд за ракета-носач со најголем број сателити. Досега рекордот го држеше Русија, која во 2014 година во вселената одеднаш однесе 39 сателити.

Вселенски светски рекорд