1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со здружени сили против наметнатите трошоци

Sime Nedevski21 октомври 2012

Во Битола беше формирано Здружение на приватните електронски медиуми на Македонија (ЗПММ), чија приоритетна активност ќе биде решавање на проблемот со трошоците кои во последно време им се наметнати на медиумите.

https://p.dw.com/p/16TzL
Сашо Митаноски, првиот претседател на ЗПММФотографија: Milco Jovanovski

По изборот на органите и усвојувањето на статутот и програмата за работа, првиот претседател на новото Здружение на приватните електронски медиуми, Сашо Митановски вчера во Битола истакна дека потребата за формирање вакво здружение е оправдана и навремена пред се’ заради решавање на наталожените проблеми во оваа област, но и за подигање на соработката меѓу медиумите на повисоко ниво.

„Целта е да се создаде тело од професионалци во својата работа кои ќе можат да посочат на конкретните проблеми на медиумите во државата, особено во помалите средини, кои се подалеку од најголемите и најважните збиднувања за оваа област“, истакна Митаноски, кој е и главен и одговорен уредник на охридското Супер радио и на агенцијата ИНПРЕС.

Според него, во оваа сфера има многу недоречености и предизвици кои мора да се надминат. „Првиот чекор е да се заземе став во врска со старо-новото здружение Македонска Музичка Индустрија (ММИ) чии фактури наскоро ќе почнат да пристигнуваат. Во овој дел од нашата „борба“ сојузници ни се сите фирми во државата, пред се’ хотелиерите, но и сите, од најмали до најголеми бизниси, кои во оваа ситуација во која е во моментов целото стопанство, ќе треба да издвојуваат значителни сретства и за оваа намена. Сметаме дека во тарифникот на ова здружение има многу недоречености и многу работи тука може да се исправат, рече Митаноски.

ЗПММ за следната недела најавува средби со министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска под чиј ресор е издавањето на дозволата на здружението ММИ, кое ќе наплаќа авторски права, паралелно со досегашниот носител на овие права ЗАМП, но и со првите луѓе на Советот за радиодифузија на Република Македонија.