1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со меѓусебна соработка заедно до Европа

Александар Чомовски28 јуни 2006

Србија не прифаќа независно Косово и референдум за таквиот статус. Македонија ќе се согласи со секое решение за идниот финален статус за што ќе се спогодат Меѓународната заедница, Белград и Приштина. Овие оценки ги изнесоа претседателите на Македонија и на Србија, Бранко Црвенковски и Борис Тадиќ при нивната денешна средба во Скопје.

https://p.dw.com/p/Ac5N
Скопје
СкопјеФотографија: DW

Српскиот претседател Борис Тадиќ допатува во Скопје во рамките на турнејата низ поранешните југословенски републики. Оваа турнеја воедно е и како прва промоција на независна Србија, но и со огромен тест за Белград и регионот околу иднината на Косово. Референдумско изјаснување на Албанците за независно Косово е неприфатливо за белградските власти и врз таа воља неможе да се влечат потезите за идниот статус на покраината рече во Скопје претседателот на Србија Борис Тадиќ „Се противам на независно Косово и Метохија зошто ги бранам српските легитимни интереси но и регионланата стабилност. Сите земји во регионот во иднина треба да останат целосни, со својот територијален интегритет и суверенитет.“ изјави на прес конференција гостинот од Белград.

Македонско - српските односи генерално се добри

Претседателот Борис Тадиќ немаше време за средба со македонскиот премиер Владо Бучковски. Шефот на македонската држава Бранко Црвенковски е поблиску до ставовите на официјален Белград околу иднината на Косово, напсрема премиерот Бучковски чии изјави и средби со косовскиот премиер Агим Чеку се тактичка поддршка за независноста на покраината, што ги лути српските власти.

Поради овие јавни разлики, српскиот претседател Биорис Тадиќ ги потврди и јавно изречените поценки дека српско – македонските односи генерално се добри, но со акуелен застој во билатералните релации.

Демаркацијата на границата кон Косово - тема на разговорите меѓу Црвенковски и Тадиќ

Македонскиот претседател Црвнковски со Тадиќ разговараше и за демаркацијата на границата со Косово „Демаркацијата на границата само ќе повторам дека официјален став на Меѓународната заедница, верификуван и со усвојувањето на извештајот од страна на Советот за безбедност на ОН е дека тоа прашање треба да се реши во текот на преговорите за дефинирање на финалниот статус на Косово.“ рече македонскиот претседател.

Двајцата шефови на држави потврдија дека на македонското малцинство во Србија ќе му бидат обезбедени клултурни и образовни права на мајчиниот јазик.

Црвенковски со остра осуда на изборните инциденти

Македоснкиот шеф на државата Црвенковски ја искорити и јавната промоција за остра реакција околу изборните насилства предупредувајќи на одговорноста на партиските лидери за фер и демократски избори.