1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со „осмиот играч“ - публиката, до успех на ЕП во Србија

15 јануари 2012

Македонската машка ракометна репрезентација против селекцијата на Шведска ги стартува настапите на Европското првенство во Србија. На ЕП 2012 учествуваат шеснаесет европски селекции.

https://p.dw.com/p/13jvS
Ракометарите на Македонија со оптимизам заминаа на ЕП 2012 во СрбијаФотографија: Petr Stojanovski

Првата фаза од ЕП во групата Б, македонските ракометари ќе ја одиграат во Ниш. Во оваа фаза освен со Шведска ќе се сретнат и со репрезентацијата на Германија во вторник, а в четврток со чешката екипа.

Понатамошен пласман обезбедуваат првите три екипи од групата, а доколку Македонија се пласира во вториот круг, ќе игра со селекциите од групата А, каде се Србија, Полска, Данска и Словачка.

Избраниците на селекторот на македонската репрезентација Ѕвонко Шундовски пред заминувањето во Ниш изјавија дека се максимално подготвени и мотивирани за стартот на големото натпреварување.

Petar Angelov
Голманот Петар АнгеловФотографија: DW

„Ние на теренот ќе бидеме седум играчи, но ќе ни биде потребна помош и од трибините. Нашите навивачи ќе бидат нашиот осми играч. За да ја победиме Шведска ќе мора да играме сите 16 играчи максимално добро. Ние мора да ја играме нашата игра, но ќе треба да внимаваме и на Ким Андерсон. Тој е нивниот најдобар играч“, изјави Петар Ангелов, голманот на македонската репрезентација во пресрет на првиот меч на ЕП.

На трибините во салата „Чаир“ во Ниш се очекува повеќе од 4.000 македонски навивачи да ја бодрат селекцијата на Македонија.

Handball EM der Damen in Mazedonien
Во Ниш се очекуваат повеќе од 4.000 македонски навивачиФотографија: Petr Stojanovski

Европското првенство за мажи-2012-та година е десетти европски шампионат во ракомет. Првенството во Србија ќе се одржи од денеска, 15-ти јануари до 29-ти јануари во Белград, Вршац, Ниш и Нови Сад.

На Светското првенство кое во 2009-та година се одигра во Хрватска, македонските ракометари ја завршија на 11-то место. Актуелен светски и европски шампион во ракомет е репрезентацијата на Франција.

Автор: АТ/ миа

Редактор: Ж. Ацеска