1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најстара лотарија на светот

ЕМФ / дв
22 декември 2016

На традиционалната шпанска Божиќна лотарија почна извлекувањето на среќните броеви.

https://p.dw.com/p/2UiHq
Spanien Weihnachtslotterie El Gordo Los
Фотографија: Reiner Wandler

Добивките на Божиќната лотарија оваа година „тежат“ 2,3 милијарди евра. Извлечените броеви и висината на добивката традиционално со пеење ја соопштуваат учениците од интернатот Сан Илдефонсо.

Главната добивка „Ел Гордо“ (Дебел) изнесува 4 милиони евра за цел лоз. Ел Гордо се исплаќа 160 пати, затоа што секој лоз-број се продава 160 пати.

Поради големиот број помали добивки, извлекувањето трае повеќе од три часа. Шпанската Божиќна лотарија има над 200-годишна традиција и е најстара на светот.

Ел Гордо им го качи притисокот на Шпанците