1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со повеќе пари полесно се дише

1 декември 2011

Позитивен развој на финансиските пазари во Азија, откако емисионите банки во заедничка акција вбризгаа дополнителен капитал.

https://p.dw.com/p/13KLd
Азиските берзи позитивно реагираа на свежиот капиталФотографија: dapd

Акцијата на повеќе централни банки во светот, да им стават на располагање повеќе пари на финансиските пазари наиде на позитивен одек на пазарите во Азија. Индексот на берзата во Токио, Никеј забележа пораст од два проценти, исто така и индексот на берзата во Шангај регистрираше пораст од два проценти, кинеските пазари бележат најголем пораст во последните недели, додека  инексот на берзата во Хонгконг се покачи за пет проценти.

Европската централна банка и емисоните банки на САД, Канада, Јапонија, Велика Британија и Швајцарија претходно донесоа заедничка одлука банките да ги снабдат со поголема сума пари. На овој начин треба да се намали затегнатоста на пазарите и да се поддржи реалната економија.

Германскиот канцелар Ангела Меркел во меѓувреме повторно се заложи за поголема соработка во еврозоната. На Европа и е потребна поголема „политичка храброст“ за потесна соработка, за да ја поврати довербата на пазарите, изјави Меркел. Оттука според неа е неопходно делумно менување на европските договори за членките на евро-зоната. На оваа тема ќе се дебатира на престојниот самит на ЕУ во Брисел на 8 и 9 декември.

Автор: АТ/ дв

Редактор: Симе Недевски