1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со поволни економски мерки до странски инвестиции

Силвера Падори19 декември 2006

Македонските министри за привлекување странски капитал, во декемврриска офанзива низ европските метрополи.

https://p.dw.com/p/AeJw
Берлин
БерлинФотографија: dpa

Македонската влада и стопанствениците ќе треба да вложат напори за да ја сменат сликата, која за земјата ја имаат германските инвеститори. Спроед анкетата за 14 земји од Источна Европа и Балканот, направена од Германската индустриска и трговска комора, Македонија е на последното место. Критериуми беа сверите кои се интересни за инвеститорите: бирократијата, борбата против корупцијата, квалификуваноста на кадарот.

Резултатите не се однесуваат на мерките кои ги презема новата влада, но очигледно е дека ќе треба да се вложат големи напори за да се донесат новите инвеститори, истакна претсвабникот на Германската индустриска и трговска комора, Рајнер Перал подвлекувајќи: „Германските стопанственици се интересираат што сега се случува и што презема новата влада во Македонија. Очигледно сака да обезбеди поволна клима за странските инвеститори зошто ги презема и чекорите во сверата на даночните олеснувања. “

За многумина германски инвеститори проблем е што Македонија е мал пазар, но според Перал за малите и средни претпријатија кои скатаат да инвестираат, малиот пазар е погодност. Имено таму има можност за секој проблем да разговараат со надлежните од владата па дури и премиерот, што не е случај да речеме во Русија.

Веле Самак македонски министер за странски инвестиции пред германската публика ги презентираше амбициозните планоци на владат. „ Македонија нуди посебни бенифиции, пред се имаме најдобра фискална политика со рамен данок од 10 посто. Имаме веќе постоечки и добро обучен работен кадар. Исто така и слободни економски зони кои овозможуваат нула проценти порези за наредните 10 години. Сето ова заедно со одлучна влада, чиј приоритет е економскиот развој значи брзина во инвестирањето во Македонија. Односно германските фирми кои ги согледуваат можностите за експанзија имат можост во краток рок, за шест месеци да воспостават бизнис и да почнат да произведуваат. Од шест до дванаесет месеци е голема брзина за експанзија, особено денеска кога има секакви пристиоци на фирмите. Очекуваме во наредните 12 месеци да го удвоиме износот на странски инвестиции во Македонија. Сметаме дека германските фирми ќе најдат многу поволни бенифиции на македонскиот пазар.“

Во текот на декември, двајцата владини министри задолжени за странски инвестиции, имаа повеќе разговори во странство. Самак кажува какви се очекувањата од оваа декемвриска офанзива за наредната година

„Очекуваме над 100 се разбира би било иделано до 200 милини американски долари директни странски инвестиции, барем во наредните шест до дванаесет месеци минимум, со ваквите активноисти. За конкретни фирми во овој момнет не би сакал да разговарам, бидејќи фирмите ни ја имаат дадено таа доверливост, одлуките не се финални.“

Иако сеуште не е кончено решението, кои германски фирми ќе инвестираат во Македонија, министерот Самак како една од браншите во која ќе се вложува ја истакна индустријата за автомобилски компоненти. Да вложуваат се повикани и Македонците од дијаспората за што министерот Самак е конкретен „Ние како држава и влада постојано сме отворени за странски инвестиции, вклучувајќи ги особено, нашите од дијаспората. Она што ни е важно е што обезедуваме непречен влез на капиталот и минимизирање на институционалниот ризик.“