1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со различни брзини кон ЕУ?

22 октомври 2010

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ при посетата на Скопје изрази жалење, бидејќи, како што рече, „дојде до застој во евроатлантскиот интегративен процес на Македонија“.

https://p.dw.com/p/PlPJ
Никола Груевски и Мило ЃукановиќФотографија: MIA

Во насока на унапредување на односите меѓу Македонија и Црна Гора денеска (22.10.2010) во Скопје премиерите Никола Груевски и Мило Ѓукановиќ потпишаа договори за економска и социјална соработка и спогодби за соработка во образованието и науката и технологијата..

Наскоро се очекува да биде потпишана и спогодба за заштита на инвестициите што ќе претставува основа за унапредување на економските односи меѓу Македонија и Црна Гора..

Двајцата премиери по потпишувањето на овие документи изразија задоволство од пријателските односи меѓу двете земји посочувајќи дека тие никогаш не прекинале и покрај кризата во регионот што се случи пред десетина години.

Груевски рече дека Македонија отсекогашго поддржувала евроатлантскиот интегративен процес на Црна Гора и дека во таа насока, бидејќи е чекор понапред во овие процеси, понудила размена на искуства.

Груевски го информирал Ѓукановиќ и за прашањето за разликите околу името со Грција и дека Македонија останува цврсто посветена на изнаоѓање решение. Тој истакна дека сите отворени прашања во регионот можат да се надминат со дијалог и размена на мислења.

Црногорскиот премиер Ѓукановиќ изрази жалење, бидејќи,како што рече, „дојде до застој во евроатлантскиот процес на Македонија“.

„Не го третираме ова прашање врзано само за Македонија, туку прашање кое го засега и регионот, рече Ѓукановиќ и додаде дека за сите земји од Западниот Балкан е важна стабилноста во регионот“.

Автор: ЖА/БГ/миа

Редактор: Жана Ацеска