1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со самомерач на алкохол во крвта по француските улици

Кетрин Мартенс / Е.М.Фиданоска6 јули 2012

Секој возач во Франција од 1 јули мора да има апарат за мерење на процентот на алкохол во крвта. Возачите треба сами да ја тестираат способноста за возење. Тестот не мора да се направи, но мора да се носи во автомобилот.

https://p.dw.com/p/15PH8
Фотографија: dapd

Во еден кварт во градот Лил, во северна Франција, баровите се еден до друг, цените на пивото и виното се екстра ниски. Улицата се нарекува улица на жедта, зашто не се пие по само една чаша. А автомобилите потоа најчесто не се оставаат, туку се возат.

Франција има најголема стапка на сообраќајни несреќи ширум Европа, алкохолот е причина за секој трет загинат. Во Германија секоја десетта жртва гине поради возење во алкохолизирана состојба. Сега во Франција секој возач треба да се контролира сам, со помош на пластичен апарат.

Хемискиот тест за една употреба е задолжителен и за туристите и возачите на долги рути. Полицаецот Франк Метсу од Лил, среде акција на контрола на алокохол среде градот, оценува:

„Ефектот ќе биде голем. Ова е превентивно, секој може да избегне казна ако се контролирал самиот и ако се држи самиот под контрола.“

Frankreich Alkoholtest im Handschuhfach
Фотографија: dapd

Тестот за алкохол, според Метсу, бил неопходен:

„Луѓето се‘ уште пречесто имаат рефлекс на себепреценување и седнуваат да возат иако претходно пиеле. Со тоа се голема опасност за сообраќајот.“

Автомобилот треба да мирува дури и ако во крвта има 0,25 промили алкохол. Во спротивно, казните се високи. Ако се утврдат 0,8 промили алкохол се плаќа казна од 750 евра. Ако во крвта има уште повеќе алкохол, казните се движат до 4500 евра со условна казна затвор.

Владата во Париз за една година ќе оцени дали задолжителниот алкохол-тест навистина придонесол за улиците во земјата да станат побезбедни.