Со фалсификувани дипломи на работа во германски болници

Во Германија владее недостиг на персонал во болниците, на Балканот стотици илјади луѓе се подготвени да ја напуштат татковината за да си најдат работа. Ако е нужно и со лажни дипломи.

Побарувачката за работни места во медицинскиот сектор во Германија е многу голема, десетици илјади отворени работни места не може да бидат пополнети. „Постојано гледаме работодавци во старечки домови и болници кои се радуваат ако најдат кого било на располагање. Некои не ни внимаваат толку на потребните квалификации на кандидатите, важно е пред сѐ луѓето да знаат германски јазик. Може и автомеханичар да им се појави за да работи во болница", вели Никола Петровиќ од агенцијата за посредување со персонал Висперо во Бон, во разговор со ДВ.

„Тоа прави притисок особено на Балканот, бидејќи тие земји се географски блиску до Германија". Таму каде што има побарувачка, пазарот на работна сила реагира со понуда. Само од БиХ во последните десет години се иселени 250 илјади лица, многумина од нив во Германија.

Диплома без школа

Истражувачката новинарка Азра Омеровиќ од босанскиот портал Журнал.инфо открива дека притоа квалитетот на обуката игра подредена улога. Таа самата направи експеримент. Сето се одвиваше релативно брзо. Ѝ беа потребни 1200 евра и еден телефонски разговор за да стане болничарка.

„Ми треба диплома, добив од Германија понуда за работа", вели Омеровиќ во снимен телефонски разговор со посредник. „Ми треба кон средината на јануари."

Само 17 дена подоцна таа доби диплома од техничка школа за двегодишна сертификација за болничарка, со добри оцени и сите можни печати, а не видела ниту еден час настава од областа.

Извештајот на Азра Омеровиќ и колегата Авдо Авдиќ го привлече вниманието на јавноста во Босна и Херцеговина и ширум Европа. Особено во Германија владее неспокој, бидејќи токму е тоа земјата каде луѓето од сиромашните балкански држави бараат нова работа. Според неодамна објавените статистики на Сојузната агенција за миграција и бегалци, само во 2016 и 2017 година во Германија се доселиле преку 50 илјади луѓе од Босна и Херцеговина.

Акутен недостиг на персонал

Многу Босанци кои живеат во Германија нашле работа во бранши во кои има голем недостиг на кадри, како на пример негуватели во старечки домови и болници. Заради недоволниот број персонал во многу установи, старите лица кои се сместени таму се недоволно згрижени. Во моментов 36 илјади места се непополнети, 15 илјади од нив во домови за сениори. Уште поголема е побарувачката за негуватели во рамки на домашна посета и во иднина ќе расте.

Повеќе:

-Германците најавуваат проверка на дипломите од БиХ

-БиХ: Со лажна диплома до работа во Германија

Теми

Бројот на луѓе на кои им е потребна таква услуга, според прогнозите, до 2060 година од актуелните 2,86 милиони ќе достигне 4,5 милиони. За таквите професии на германскиот пазар на трудот нема доволно персонал, па се бараат од странство, особено од источна и југоисточна Европа. „Во делот на негуватели недостиг има особено на универзитетските клиники", вели Никола Петровиќ од агенцијата Висперо. Така, се прима речиси секој што се пријавува, па макар не знаел многу за професијата. „Дури и од официјалните служби се сугерира да се прима секој што би можел да дојде предвид." Тогаш не е ни чудо што и навистина доаѓаат секакви луѓе.

Оригинал фалсификувани дипломи

Официјално се разбира тоа е сосем поинаку. Персоналот треба да биде добро обучен, нивните дипломи и сертификати мора да бидат признаени од Централата за образование во странство (ЗАБ), за да може да работат во Германија.

Проблемот е тоа што сепак лажните дипломи често се издаваат од вистински училишта чиишто сертификати се веќе признаени од германските власти.

„Ако ја видите дипломата која ја добивме нема да забележите дека е фалисификат" вели Авдовиќ за ДВ. „Со таа диплома се потврдува дека мојата колешка ги има положено сите испити и дека за две години ги завршила сите курсеви." Дипломата воопшто не изгледа како фалсификат, објаснува Авдиќ.

11 зборови кои ви се потребни за работа во Германија

Büro(kratie)/Бирократи

Многумина не работат во канцеларија, но доколку работите во Германија, канцеларија се вика „Büro“. Се разбира, од биро до бирократија нема голема разлика и многу канцеларии во Германија го исполнуваат стереотипот со тоа што ги ставаат работите во кутии, наместо да размислуваат надвор од нив. Ова може да доведе до многу „Amtsschimmel“ што во буквален превод значи канцелариска мувла.

11 зборови кои ви се потребни за работа во Германија

Chef/Шеф

Секој вработен во Германија има „Chef“. Тоа е нивниот претпоставен и не, тој не готви за нив. Доколку претпоставениот е жена, тогаш се вика „Chefin“. Зборот е предизвик и „лажен пријател“ за Германците кои учат англиски јазик. Но, зарем не би сакале да имате личен готвач? Тој луксуз е резервиран само за врвните директори – кои немаат претпоставени.

11 зборови кои ви се потребни за работа во Германија

Telko/Телко

Добрата комуникација е клучна за успешно завршување на работите, нели? Во модерниот и глобализиран свет сите со кои треба да комуницирате не се во вашата зграда. За голем број од вработените, телефонските конференции, „ Telefonkonferenz “, се секојдневна рутина. Германците сакаат да ги кратат зборовите па така „Telefonkonferenz“ станува „Telko “.

11 зборови кои ви се потребни за работа во Германија

Gleitzeit/Глајтцајт

"Gleitzeit" – во буквален превод значи „лизгаво време“ и е сон за сите кои не се ранобудци. Тоа е флексибилно време. Додека колегите го пијат третото кафе во 9:59 часот наутро, можете да дојдете на работа пред да почне најдинамичниот дел од работниот ден. Но, тоа можете да го направите само доколку некој од вашите колеги не закажал „Telko “ во 8 часот.

11 зборови кои ви се потребни за работа во Германија

Kantine/Кантине

Јадењето на топол оброк за ручек е многу важно во Германија. Голем дел од компаниите нудат „Kantine“, односно кафетерија/кантина каде што може да се најдат традиционални јадења. Доколку внимавате на вашата тежина, тогаш добра идеја би било да си понесете јадење од дома. Во секој случај, кога Германец ќе види дека јадете ќе ви рече "Mahlzeit", односно „пријатно јадење“.

11 зборови кои ви се потребни за работа во Германија

Quereinsteiger/Кверајнштајгер

Во Германија, вообичаено е луѓето да работат во полето во кое биле образувани и долго да останат на тоа работно место. Неретко е многу тешко да ја промените работата затоа што голем дел од работодавачите очекуваат дипломи и сертификати од нивната област. За оние кои успеаваат да се преориентираат има посебен збор: "Quereinsteiger", што во буквален превод значи - страничен сурфер.

11 зборови кои ви се потребни за работа во Германија

Ausgleichstag/Аусглајхстаг

Работевте прекувремено во последно време? Тогаш време е да ги земете заработените пари и да одите на „Ausgleichstag“, односно да земете слободен ден за компензација. Доколку имате само еден ден и живеете на северниот брег, можете да прошетате по плажа. Но, доколку ви се собрани повеќе денови, имате доволно време да организирате некое подолго патување. Само мобилниот телефон оставете го дома.

11 зборови кои ви се потребни за работа во Германија

Betriebsrat/Бетрибсрат

Да се биде фер е приоритет во германската работна средина и секоја компанија задолжително мора да има „Betriebsrat“, односно совет на вработени кои ги застапуваат своите колеги. Тие се медијатори и ги олеснуваат преговорите со менаџментот со цел да се осигураат дека сѐ тече како што треба. Ако размислувате да се кандидирате за некоја јавна функција, „Betriebsrat“ е добро место за почеток.

11 зборови кои ви се потребни за работа во Германија

Gleichstellungsbeauftragte/Глајхштелунгсбеауфтрагте

Терминот значи „одговорно лице за обезбедување на еднакви можности“. Позади импресивната титула, стои важна улога која обезбедува фер работна средина. Овие лица учествуваат во процесот на регрутирање на нови работници и се присутни на интервјуата. Нивната задача е да се осигураат дека жените, лицата со попреченост и малцинствата имаат исти можности при вработувањето како сите други.

11 зборови кои ви се потребни за работа во Германија

Elternzeit/Елтернцајт

Се преведува како „време за родителите“, но во пракса тоа е всушност „време за децата“. Стапката на новородени во Германија е толку ниска што потенцијалните родители се мотивираат со 12 до 14 месеци платено отсуство од работа, т.е. „Elternzeit“, а по раѓањето на детето, на родителите им се гарантирани следните 3 години на работното место.

11 зборови кои ви се потребни за работа во Германија

Feierabend(bier)/Фајерабенд(биер)

Сите добри нешта имаат крај (дури и работниот ден). Во Германија, тогаш започнува забавата (дури и за канцеларката). Крајот на работниот ден се нарекува „Feierabend“- „време за забава“. За освежителниот пијалок во кој речиси сите возрасни уживаат на крајот на денот има посебен збор „Feierabendbier“, односно пиво за крај на работниот ден.

За време на босанската криза меѓу 1992 и 1995 личните документи на многу луѓе беа уништени или изгубени, вклучително и дипломите за завршено средно или универзитетско образование.

Вносен бизнис со фалсификувани дипломи

Бизнисот со фалсификувани дипломи цути поради големата сиромаштија, бесперспектувноста и корупцијата. Веќе долго време е јавна тајна дека на многу луѓе им успеало да си купат сертификати за завршено образование. Извештајот го поттикна Парламентот во Босна и Херцеговина да направи проверка и на дипломите на вработените во законодавниот дом, објави неодамна германското радио „Дојчландфунк“. Но, тоа не е доволно, вели Авдиќ, бидејќи документите не се фалсификат, туку се вистински, - проблемот е што не соодветствуваат на фактичките способности на луѓето. Притоа не станува збор само за лажните сертификати за негуватели и медицински сестри. „Ако имавме повеќе време за истражување, и преку моите контакти ќе извадевме и диплома за правник, без ниту еден ден поминат на факултет и без полагање на ниту еден испит“, тврди Авдиќ.

Извештајот, според Авдиќ, исто така ги покажува и слабостите на правниот систем во земјата. Според новинарите од Журнал.инфо, тие имаат и докази дека повеќе луѓе од судскиот систем се вмешани во бизнисот со фалсификувани дипломи.


Следете нѐ