1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

EU Schuldenkrise Finanzminister

23 октомври 2011

Денеска во Брисел се одржува самитот на ЕУ, од кој се очекува суштинско решение за должничката криза. Политичарите меѓутоа најавуваат конечен пробив дури на вториот дел од самитот, в среда (26.10.2011).

https://p.dw.com/p/12xDp
Канцеларката Ангела Меркел на самитот во БриселФотографија: dapd

Се’ уште не е јасно колку проценти од грчкиот долг мора да бидат отпишани. И исто така уште не е договорено колав дел од товарот треба да понесат приватните банки и другите доверители. Канцеларката Ангела Меркел порача дека е неопходна добра подготовка за многу комплицираните одлуки, па затоа конечни резултати, според неа, може да се очекуваат дури в среда.

Синоќа уште не беше јасно ни дали Германија и Франција нашле заеднички курс околу проширувањето на европскиот фонд за спас ЕФСФ. Франција, имено, бара во мултиплицирањето на средствата на фодот да биде вкучена и Европската централна банка. Германија и ЕЦБ тоа го отфрлаат. Во секој случај Фондот би требало со зголемувањето до 2.000 милијарди евра да биде во состојба да ги амортизира долговите и проблемите со државните обврзници и на Италија и Шпанија.

EU-Gipfel Brüssel Merkel Sarkozyl
Ќе најдат ли заедничка позиција: канцеларката Меркел и францускиот претседател Никола СакрозиФотографија: dapd

Нон-стоп преговори

Околу сите овие отворени прашања синоќа до доцна во ноќта разговараа францускиот претседател Никола Саркози и канцеларката Ангела Меркел, а дискусијата продолжува. Медиумите се потолно исклучени од разговорите, така што нема никакви доверливи информации за напредокот. Единствено што се знае, тоа е дека во разговорите се вклучени и претседателот на Еврогупата Жан-Клод Јункер и шефот на ЕЦБ, Жан-Клод Трише.

И министрите под напон

Министрите за финансии вчера наводно се договориле за зголемување на стапката сопствен капитал на банките од сегашните 4% на 9%. Со тоа банките би требало да бидат подобро подготвени да го поднесат товарот на отпишувањето на грчките долгови. Банките би требало свежиот капитал за оваа финансиска операција да го обезбедат прво на берзите, но доколку тоа не биде можно, тогаш ќе мораат на помош повторно да прискокнат државите. Тоа, пак, би значело делумно подржавување на некои од финансиските институти. Министрите за финансии наводно се заложиле и за тоа отпишувањето на грчкиот долг да се движи меѓу 50 и 60%. Само така Грција ќе може од крајот на оваа деценија повторно сама да почне да се финансира, сметаат експертите.

EU-Gipfel Brüssel Euro Sarkozy Barroso
Претседателот Сакрози и шефот на Европската комисија, Жозе Мануел БаросоФотографија: picture-alliance/dpa

Во меѓувреме министрите за финансии ја одобрија следната трашна помош за Грција од осум милијарди евра. Со тоа државата ќе може да ги сервисира каматите на државниот долг што доспеваат до крајот на годината, како и да ги исплати платите на државните службеници.

Битка за довербата на граѓаните

Паралелно со министрите за финансии заседаваа и министрите за надворешни работи на ЕУ. Тие преговараат за неопходните промени што треба да се внесат во Лисабонскиот договор за да се спречи повторување на должничката криза. Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле порача дека преговорите се тешки и напорни, но дека се неопходни, бидејќи досегашните мерки предвидени во случај на преголемо задолжување на земјите членки не се доволни. Вестервеле побара новиот европски договор да овозможува директно интервенирање во буџетите на земјите со финансиски проблеми.

EU-Gipfel Brüssel Euro Papandreou
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во БриселФотографија: dapd

Австрија и Луксембург го отфрлија таквиот предлог, додека други држави му дадоа поддршка. Во секој случај идното лето треба се оформи нов Конвент на ЕУ, кој ќе ги подготви промените на Лисабонскиот договор. Потоа сите 27 земји членки на ЕУ ќе треба повторно да ги ратификуваат промените. „Не станува збор само за довербата на финансиските пазари. И довербата на граѓаните на Европа е системски релевантна“, нагласи Гидо Вестервеле.

Автор: Бернд Ригерт / Горан Чутаноски

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема