1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Спектакуларен грабеж во париски „Риц“

ЕМФ /агенции
11 јануари 2018

Вооружени крадци извршија спектакуларен грабеж во парискиот луксузен хотел „Риц“ и однесоа накит во вредност од над четири милиони евра.

https://p.dw.com/p/2qg1Z
Raubüberfall Ritz Hotel in Paris
Фотографија: picture-alliance/dpa/Maxppp/O. Corsan

Петмина маскирани крадци вчера околу 18:30 часот ги искршиле витрините со накит од различни јувелири во хотелот „Риц“, соопшти полицијата, која во меѓувреме уапси тројца од нив. Двајца извршители се сѐ уште во бегство. „Слушнавме тресок и многу бучава на улицата. Не знаевме што се случува. Ни беше кажано дека се работи за вооружен грабеж“, изјави еден од вработените во хотелот. Друг вработен тврди дека видел како мотоцикл брзо се оддалечува од хотелот веднаш по грабежот.

Полицијата соопшти дека бил ограбен накит во вредност од „повеќе милиони евра“. Агенцијата АФП подоцна, повикувајќи се на информација од кругови на правосудството, јави дека станува збор за плен во вредност од над 4 милиони евра.

Raubüberfall Ritz Hotel in Paris
Фотографија: picture-alliance/dpa/Maxppp/O. Corsan

Хотелот „Риц“ е еден од најпознатите луксузни хотели во Париз. Тој се наоѓа на плоштадот Вандом, каде има и голем број луксузни јувелирници. Бутиците на плоштадот во текот на изминатите години беа постојано цел на напади. По серијата од пет напади за само седум месеци, кои беа особено брутални и ризични, во 2014 година беа зајакнати безбедносните мерки во квартот.

Ограбен накит во вредност од милиони евра