1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спектакуларно отворање на Олимпијадата

Јенс Крепела/ дпа/ртре/ Жана Ацеска28 јули 2012

Џејмс Бонд, Мистер Бин и се разбира кралицата Елизабета: сето тоа Британците го прикажаа на свеченото отворање на Олимписките игри во Лондон. Гигантската церемонија беше проследена со гламур и типичен британски хумор.

https://p.dw.com/p/15fq4
Фотографија: dapd

Големи емоции, голем спектакл и кралицата Елизабета Втора како „Девојка на Бонд“: со потресно патување низ историјата на Велика Британија и големи ефектни во холивудски стил Лондон ги поздрави спортистите од цел свет, како и светот пред малите екрани. На стадионот со 80 илјади гледачи и голем број шефови на држави или влади можеа да уживаат  во програмата во режија на британскиот оскаровец Дени Бојл. Манифестацијата преку своите ТВ екрани ја следеа околу четири милијарди луѓе.

Eröffnungsfeier Olympiade London 2012
Фотографија: Reuters

Патување  из историја

На гледачите преку песна и танц им беа прикажани промените кои од аграрна земја ја претворија Британија во индустриска нација. Од сцената поставена на стадионот „израснаа“ големи оџаци. Беше тематизирана и борбата на жените за поголеми права, како и жртвите о одрекувањата за време на светските војни. Од голема печка симболично беа исковани олимписките кругови кои потоа беа обединети со спектакуларен огномет во познатиот олимписки знак над стадионот, тоа беше момент во кој сигурно на многумина гледачи им се наежи кожата.

Eröffnungsfeier Olympiade London 2012
Фотографија: Reuters

Потоа следеше режираниот настан на кралицата. Во спот претходно можеше да се види како Џемс Бонд алијас Даниел Крег доаѓа лично по кралицата во Бакингамската палата, за потоа со хеликпотер да се упатата на стадионот, каде двојници скокнаа од хеликоптерот со падобрани на британското знаме. Веднаш потоа кралицата Елизабета Втора се појави на почесната трибина. Следеше пресек на британската култура и музичка историја. Настапот на познатиот Мистер Бин ; Роан Аткинсон, заедно со Лондонскиот олимписки оркестар беше уште еден во низата детали типични за британскиот хумор, а кои на гледачите во цел свет им предизвикаа насмевки на лицето.

Eröffnungsfeier Olympiade London 2012
Фотографија: dapd

„Шоу програмите стануваа се‘ поголеми и поголеми, но неможете да бидете поголеми од Пекинг“, изјави Бојл додавајќи дека решил со парите кои му стојат на располагање за да создаде нешто карактеристично за Олимпијадата во Лондон, 35 милиони евра, да креира нешто свое, што и навистина му успеа.

Потоа следеше свеченот дефиле на учесниците на Олимпијадата.

Публиката ги поздрави спортистите

Знакот за почеток на свечената церемонија го даде британскиот велосипедист Бредил Вигинс, трипати олимписки шампион и победник на годинешниот „Тур де Франс“, со удирање во 23 тони тешкото ѕвоно на Олимпискиот стадион. Церемонијата претставуваше одличен спој на минатото, сегашноста и иднината.

По обраќањето на претседателот на Организацискиот комитет на ОИ 2012 Себастијан Коу и претседателот на МОК Жак Рог, церемонијата заврши со палење на олимпискиот оган и настапот на легендарната британска музичка ѕвезда Пол Макартни.

Спортистите ќе се натпреваруваат во 29 спортови, а Игрите во Лондон ќе ги обезбедуваат повеќе од 17.000 британски војници.

Свечената церемонија за затворање на ОИ ќе се одржи на 12 август.