1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спиралата на насилството во Ирак оди угоре

8 јули 2007

Владата е раскарана и не е во состојба да ги реши безбедносните проблеми на земјата.

https://p.dw.com/p/BDll
По една експлозија на автомобил бомба во ИракФотографија: AP

Списокот на жртви од самоубиствени напади е се’ подолг. Вечера нападите беа концентрирани главно во северниотѕ дел на земјата и однеоса повеќе од 150 луѓе. Најголемиот дел од жртвите се шиити убиени од сунитски терористи, блиски д терористичката организација Ал Каеда. Но, мртви и ранети имаше и на југот во судири на шиитски екстремисти со домашните, како и со британските сили за безбендост.

Ирак и натаму се гуши во конфликтите меѓу различните релифиозни и политички групи, а улога игра и присуството на странски трупи, против што се многумина Ирачани. Владата во Багдад толку е раскарана, што не може да реши ниеден проблем во земјата, а најмалку безбедносните. Некои министри на шиитско-курдската коалиција од различни причини ги бојкотираат седниците на владата. Парламентот е практично парализиран бидејќи пратениците од сите религиозни фракции не се појавуваат на седниците од протест против владината политика.

И американските трупи не постигнаа никаков позначаен успех со офанзивата во и околу Багдад, иако претседателот Џорџ Буш, и покрај отпоротво сопствената земја, уште еднаш го зголеми бројот на војниците во Ирак. Командантот на американските трупи во централен Ирак, генерал Рик Линч очекува уште поголемо крвопролевање ако американските војници се повлечат од Ирак. Според него, ирачките трупи воопшто не се во состојба да издржат сами во борбата против терористичките групи. “Со тек на времето можеме да им го препуштиме регионот на ирачките безбедносни сили, и тогаш би биле подготвени за нешто како повлекување. Но, тоа во никој случај не може да се случи наскоро” – вели Линч.