1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спорен е датумот за датум за Македонија

8 декември 2009

Министрите за надворешни работи на ЕУ ја одложија дебатата за Македонија за денеска (08.12.2009). Расправата околу конечната формулација на заклучоците на министерскиот состанок не доби разврска вчера вечер во Брисел.

https://p.dw.com/p/KwRB
Фотографија: AP

Битката се бие околу временската рамка што некои од ЕУ-министрите сакаат да ја фиксираат и за време на која би се разгледувало одредувањето на датум за преговори за Македонија. Со други зборови, шведското претседателство сака да одреди датум за датум, што за Грција е тешко прифатливо.

Во првите часови од вчерашната дебата, претседателството излезе со нацрт-верзија во која се предлагаше март 2010-та како рок кога повторно ќе се дебатира за Македонија. На ова Атина силно се спротиставила, и последните информации од дипломатите во Советот доцна вчеравечер беа дека најверојатниот компромис во денешните заклучоци ќе биде да се каже дека датумот за преговори за Македонија ќе се разгледува под шпанско претседателство, односно во првите шест месеци од 2010-та.

Оваа формулација се уште не е усвоена, но претставува единствен прифалтив компромис за сите страни, велат дипломатите.

Карл Билт е упорен

Едно е сигурно, шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт е решен да ги усвои сите заклучоци за Западен Балкан за време на министерскиот совет и не сака да ја остави оваа дебата за шефовите на држави и влади в четврток и петок. За Билт, велат дипломатите, Балканот претставува лична борба, во која тој има сериозна намера да покаже успех пред шведската и европската јавност.

Beligen EU Präsidentschaft Schweden Carl Bildt
Карл Билт не попушта во намеритеФотографија: AP

Освен жешкото прашање за преговорите, дознаваме дека во нацрт-документот стојат забелешки и за борбата против корупцијата во Македонија, но и повик да продолжат напорите во државата за обезбедување независно и функционално судство.

Генерално, сите земји-членки на ЕУ се позитивни кон Македонија, па дури и Грција, пренесуваат европските дипломати. Според нашите информации, Атина се откажала и од забелешки за античките споменици и за преименувањата во име на конструктивноста, покажувајќи на овој начин дека не сака да ја обесхрабри Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема