1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спорот со Русија

27 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag9i

Русија соопшти готовност да преговара со НАТО во врска со најавата на претседателот Владимир Путин за напуштање на договорот за разоружување во Европа. Шефот на рускиот генералштаб Јури Балујевски соопшти дека во наредниот месец ќе го посети седиштето на НАТО во Брисел за да ги објасни ставовите на Путин. Рускиот претседател вчера ненадејно најави дека еднострано ќе го замрзне договорот за разоружување од 1990 година. Чекорот, меѓу другото, го оправда со американските планови за стационирање ракетен штит во Источна Европа.