1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спортска панорама

23 јануари 2006

Германските спортисти во добра форма пред олимпијадата

https://p.dw.com/p/Aeja

Уште 18 дена до почетокот на јубилејните 20-ти зимски олимписки игри во Торино. Во изминатиот викенд се одржаа последните официјални натпревари во повеќе скијачки дисциплини во кои германските натпреварувачи покажаа добра форма. Во Мелбурн стартува втората, решавачка недела на тенискиот грен-слем турнир.

Германските бијатлонки на последната трка од светскиот куп пред олимпијадата во Торино во Антхолц, постигнаа грандиозен троен успех. Мартина Галогов со предност од 28,6 секунди победи пред Андреа Хенкел што беѓе нејзин втор успех во оваа сезона. Триумфот го комплетираше Уши Дизл која беше трета. Глагов по победата изјави:

„Не мислев дека толку добро ќе испадне, ниту во трката, ниту при стрелањето зашто и денес беше ветровито. Многу се радував во последните метри„.

Ветеранката Дизл изрази надеж дека германските бијатлонки ќе бидат така успешни и во Торино:

„Се надевам дека не сме прерано во добра форма и дека вака ќе биде и на олимписките игри„.

Водечката во светкиот куп Кати Вилхлем вчера не беше во форма, но ден пред тоа, во саботата, во трката на време ја извојува четвртата победа во сезоната:

„Не смеам да се жалам. Се одеше навистина добро и се чуствувам добро . Тоа ме забавува , што мислам дека е и тајната зошто толку добро ми одеше“ – вели Кати Вилхелм .

И машките бијатлонци успешни. Рико Грос во трката на време ја извојува првата победа во сезоната:

„Се обидов да се концентрирам и да работам, во последно време добро ми оди и стрелањето. Очигледно сум во форма што ме смирува пред настапот на олимпијадата„.

Победа извојува и тркачот на долги патеки Тобијас Ангерер во трката на 30 километри. Тоа беше неговата петта победа во сезоната во светскиот куп:

„Секој сака да биде најдобар и тоа е голем предизвик. Се радувам што е така, што сум здрав и можам напред. Особено е добро што не чувствувам никаков притисок„.

Во натрпреварите во алпско скијање во Венген, најуспешна хрватската скијачка Јаница Костелиќ која во спуст беше втора, а во комбинација прва. Заминува во Торино во извонредна форма и како најсеризона кандидатка за медали во сите алпски дисциплини.

На тенискиот грен-слем турнир во Мелбурн, полека се расчистува теренот за фаворитите. Германскиот тенисер Николас Кифер со победата во три сета против аргентинецот Хуан Игнасио Чела стигна до четвртфиналето. Таква шанса има и најдобриот германски тенисер Томи Хас, но ќе треба да совлада многу голема пречка: рекетот број еден, Швајцарецот, Роже Федерер. Инаку, минатогодишниот победник Марат Сафин поради повреда не ја брани титулата, а нова шампионка Австралија ќе добие и во женска конкуренција. Имено, бранителката на титутлата Серена Вилијамс загуби во два сета од словачката тенисерка Даниела Хантухова. Напред оди и повратничката Мартина Хингис, некогашниот прв рекет во светот. Со победата против Чехињата Ивета Бенешова, Хингис стигна до четвртото коло.

Германските ракометари за време на викендот одиграа натпревар со Унгарија , кој беше генерална проба за настапот на Европското првенство. Пет дена пред почеткот на првенството , на кое Германија првиот натпревар го игра со светскиот шампион Шпанија тимот на сојузниот тренер Хајнер Бранд во Манхајм ги совлада Унгарците со 30 спрема 26. Меѓутоа радоста од победата беше засенета од повредата на пикерот Олег Велики , кој воедно е еден од најзначајните играчи во тимот .

Сојузниот селектор Бранд меѓутоа истакна дека се на се станувало збор за многу задоволувачки настап на германската репрезентација:

„ Како и повеќепати во последните натпревари и овојпат имавме скокови и падови во играта. Во првото полувреме игравме многу лошо во одбраната . Во нападот 20 минути имавме навистина добри сцени . Во второто полувреме , за жал, по повредата на Олег Велики , екипата ги покажа своите можности , покажа борба во одбраната и добри акции во нападот . И навистина она што беше понудено задоволува“