1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спречен масакр врз шиитски аџии

Волфганг Ото30 јануари 2007

Акција на американски и ирачки сили кај Наџаф против борци на сектата “Небески војници”

https://p.dw.com/p/Adth
Од акцијата кај Наџаф
Од акцијата кај НаџафФотографија: AP

Во борбите кај градот Наџаф, според ирачки наводи, бил убиен водачот на досега малку позната муслиманска секта “Небески војници” и до 300 од неговите приврзеници. Според полицијата во Багдад, меѓу стотината уапсени имало многумина борци од Јемен, Алжир, Пакистан и Авганистан. Некои од борците носеле шамии на кои било напишано името на нивната секта. Тие планирале атентати врз важни шиитски свештеници на денешниот празник Ашура, велат кругови од ирачките безбедносни сили.

Гувернерот на регионот на Наџаф зборуваше за откриена завера на сунитите, чија цел била убиство на повеќемина шиитски свештеници, па акцијата на ирачките и на американските сили била превентивна мерка за спречување на плановите на секташката група од повеќе стотици борци.

Американската војска со тенкови и од борбени авиони биела врз областа во која се наоѓале бунтовниците. Во акцијата се урна еден хеликоптер, при што загинаа двајца членови на екипажот. Ирачката армија и полицијата имале осум загинати и 40-ина ранети. Во борбите бил убиен 40-годишниот водач на сектата, кому неговите следбеници му оддавале почит како на месија.

Ашура е еден од најголемите празници на шиитите. Посветен е на споменот на имамот Хусеин, кој загинал во борба во 680-тата година. Од тој момент дошло до продлабочување на одвојувањето на сунитскиот од шиитскиот ислам. На празникот верниците си нанесуваат и крвави повреди за да се поистоветат со страдањата на Хуесин. Гробот на Хусеин е во џамија во градот Кербела, кој се наоѓа на 70-ина километри северно од Наџаф. Таму и денеска продолжува одбележувањето на празникот соучество на - како што се очекува - еден ипол милион аџии.