1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спречен пад на берзите

10 август 2007

Поради турбуленциите на финансиските пазари,последица на американската криза кај недвижнините,Европската централна банка за првпат по повеќе години масивно интервенираше на пазарот со пари.

https://p.dw.com/p/BSvj
Фотографија: AP

Бранувањата на американскиот пазар на хипотекарни кредити стигнаа и до европскиот пазар на пари.Европската централна банка на располагање стави т.н. итен тендер,тоа се кредити со многу кус рок,и така впумпа во оптек дополнителни 95 милијарди евра.Банките на пазарот обично си позајмуваат по потреба средства,бидејќи од Централаната банка добиваат само одредена сума пари.Притоа овие пари вообичаено се во висина на водечката каматна стапка,која во моментов изнесува четири проценти.Бидејќи одделни банки некои банки стравуваа од многу посилни турбуленции во кризата на американскиот пазар на кредити ,побараа на пазарот повеќе пари од вообичаено.Каматата така скокна,на 4,7 проценти.95-те милијарди евра ставени на располагање од Централанта банка брзо беа проголтани на пазарот.Другите централни банки низ светот исто така ставија на располагање свежи пари,се работи очигледно за договорена акција нво светски рамки,за да се спречи можен крах на финансиските и пазарите на акции.

Повеќе причини

За последните немири на финансиските пазари постојат повеќе причинители.Вчера Француската голема банка БНП привремено затвори три свои Фондови.И германската приватна банка Сал Опенхајм затвори фонд во вредност од 750 милиони евра.Овие специјални фондови инвестираа пред се во посебно обезбедени вредносни хартии.За вакви кредитни производи кои во минатото носеа високи добивки,поради кризата во САД во моментов на пазарот речиси нема купувачи. Роберт Минде,аналитичар од БХФ банката:

„Сега доаѓа дискусијата за ризиците во вложувањето во акции,која се разбира оди вака:високи добивки не стигнуваат лесно и за џабе.Што ќе излезе на крајот,дали во принцип ова е само чад,а без оган,мора да се види дополнително. Разликите меѓу каматите на државните обврзници и оние на претпријатијата се намалија.Тоа мора да се следи многу внимателно.Но,во моментов се работи пред се за расположението на пазарот,какви ќе бидат интерпретациите,како ќе се толкува она што не може да се прочита од бројките.“

Последица на американските бранувања

Расположението се влоши кога стигнаа гласини за Диселдорфската банка Вест ЛБ.И тука постојат шпекулации дека таа е многу посилно вовлечена на американскиот пазар на хипотекарни кредити отколку што досега беше познато.Банката тоа го демантира.Нејзината положба не е сепак толку тешка како на банката ИКБ.Таа може да се спаси само со заедничка акција на повеќе германски банки.За тоа вчера се советуваа претставниците на банките во Берлин.Сепак,експертите советуваат да не се купуваат акции,иако во основа основните бројки зборуваат спротивно.Така Комерц банката вчера излезе со блескав полугодишен биланс,но на пазрот беше практично игнорирана.

Во цел свет акциите нагло паѓаат,а трендот продолжува.